Говорејќи за можните резултати од почнатиот дијалог меѓу Косово и Србија со посредство на Европската унија, заменик помошникот државен секретар на Соединетите Држави Томас Кантримен вели дека станува збор за неколку цели што со тој дијалог треба да се постигнат.
„Дијалогот немаше за цел, и тоа не се очекуваше, да ги реши сите тешки проблеми на само еден состанок. Мислам дека сите ние, Приштина, Белград и Брисел на чело, очекувавме дека тоа ќе биде бавен процес кој како резултат ќе има помали спогодби со краткорочен, среднорочен и долгорочен ефект, од подобрување на секојдневниот живот, до членство на Косово во ЕУ и ОН. Тоа се целите што ние ги поддржуваме“, наведува Томас Кантримен во разговорот со Арбана Видишиќи од Косовската редакација на Радио Слободна Европа.
Притоа тој додава дека луѓето во Приштина кои го критикуваат учеството на владата на Косово во дијалогот немаат реален алтернативен план како да се исполнат овие цели.
Тој и со оценката дека Соединетите Држави имаат апсолутна доверба во водечката улога на Европската унија во дијалогот.
„Европската унија е иднината за Косово. Ние сакаме да видиме позитивни односи меѓу Европската унија и Косово. Соединетите Држави нема да се одалечат. Ние ќе ја задржиме нашата силна поддршка на Косово како модерна европска земја, но факт е дека Унијата му понуди на Косово многу поголема помош од Соединетите Држави, а така ќе биде и во иднина.“
Кантримен изразува загриженост што ваквите факти се запоставуваат, како од косовските политичари, така и од целата косовска јавност.
„Косово има многу повеќе пријатели во Европската унија отколку што мислат луѓето, и еден позитивен однос со целосно меѓусебно почитување меѓу Брисел и Приштина ќе го награди Косово во иднина“, вели Кантримен.
Тој прецизира дека најважно за целиот регион е да завладеат законите, односно, како што вели, потребата за полиција и судски систем кои ќе им служат на граѓаните.
Во врска со развојот на ситуацијата во Босна и Херцеговина, Кантримен вели:
„За жал кога во Босна и Херцеговина, за секој позитивен знак, добиваме и негативен знак. Последните потези на собранието на Република Српска за одржување референдум кој претставува предизвик на основниот концепт на Уставот што произлезе од Дејтон е најсериозен пример за вакво негативно однесување. Но не се само лидерите на Република Српска оние што ги изразуваат интересите на своите граѓани, туку тоа важи за целата земја. Сега сакаме да видиме чекор напред кон формирање власт на државно ниво“, наведува, меѓу другото, американскиот заменик помошник државен секретар Томас Кантримен во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Европската унија е иднината за Косово. Ние сакаме да видиме позитивни односи меѓу Европската унија и Косово. Соединетите Држави нема да се одалечат. Ние ќе ја задржиме нашата силна поддршка на Косово како модерна европска земја, но факт е дека Унијата му понуди на Косово многу поголема помош од Соединетите Држави, а така ќе биде и во иднина.