Покрај препораката за што поскоро отпочнување на преговорите за членство, во резолуцијата за напредокот на нашата земја се укажува на потребата од брзо решавање на проблемот со името. Во овој документ, наместо македонски јазик, се употребува формулацијата „официјалните јазици“ на државата, иако на неколку места е користена придавката македонски за означување на македонската влада или власти.
Оддолговлекувањето на решавањето на овој процес, ја продлабочува тежината на проблемот и преку отворање на идентитетски прашања поврзани со културата и јазикот на нацијата, се усложнува неговото решение, предупредуваат експертите.
Сепак, професорот Димитар Мирчев вели дека брзо и наметнато решение кое не ни одговара, може да предизвика низа непријатни последици.
„Може лошо навистина да биде за регионот, може да предизвика други последици и по статусот на малцинствата и наши и во другите земји, така што најдобро е се разбира брзо решение, меѓутоа соодветно решение.“
Повикот на времениот известувач Критијан Вигенин до идната влада во земјава да се зафати со итно решавање на името и реформите за членство, професорката Елена Андреевска од Унивезитетот на Југоисточна Европа го толкува како реален доколку се има политичка волjа.
„Зависи од волјата и од пристапот, може зошто да не. Многу долго трае спорот, ова е веќе предолго.“
Професор Мирчев, пак, не се надева на брзо решение на овој проблем, независно од тоа кој ќе дојде на власт по изборите во јуни.
Иако спорот со името се јавува како еден од условите за отпочнување преговори, Андреевска вели дека покрај спорот, земјава треба да работи на исполнување на сите критериуми кои од нас ги бара Европската унија.
„Тоа е повеќе една политичка одлука на ЕУ да не охрабри да продолжиме со реформите што треба да ги направиме за членство во ЕУ, отколку што реално Македонија заслужува да добие датум за преговори.“
Во документот станува збор и за слободата на медиумите, меѓуетничките односи и внатрешната политичка ситуација. Европратениците изразуваат загриженост поради длабоките проблеми во политичкиот дијалог и политичката култура во Македонија.
Може лошо навистина да биде за регионот, може да предизвика други последици и по статусот на малцинствата и наши и во другите земји, така што најдобро е се разбира брзо решение, меѓутоа соодветно решение.
Оддолговлекувањето на решавањето на овој процес, ја продлабочува тежината на проблемот и преку отворање на идентитетски прашања поврзани со културата и јазикот на нацијата, се усложнува неговото решение, предупредуваат експертите.
Сепак, професорот Димитар Мирчев вели дека брзо и наметнато решение кое не ни одговара, може да предизвика низа непријатни последици.
„Може лошо навистина да биде за регионот, може да предизвика други последици и по статусот на малцинствата и наши и во другите земји, така што најдобро е се разбира брзо решение, меѓутоа соодветно решение.“
Повикот на времениот известувач Критијан Вигенин до идната влада во земјава да се зафати со итно решавање на името и реформите за членство, професорката Елена Андреевска од Унивезитетот на Југоисточна Европа го толкува како реален доколку се има политичка волjа.
„Зависи од волјата и од пристапот, може зошто да не. Многу долго трае спорот, ова е веќе предолго.“
Професор Мирчев, пак, не се надева на брзо решение на овој проблем, независно од тоа кој ќе дојде на власт по изборите во јуни.
Тоа е повеќе една политичка одлука на ЕУ да не охрабри да продолжиме со реформите што треба да ги направиме за членство во ЕУ, отколку што реално Македонија заслужува да добие датум за
преговори.