Во говорот во Вашингтон фокусиран врз енергетската зависност, а во помала мера и врз глобалното затоплување, претседателот Барак Обама изјави дека политичките лидери и покрај тоа што со децении ветуваа дека Америка ќе ја направат енергетски независна земја, тие не успеа да ги преземат неопходните чекори тоа и да се случи.
„Единствениот начин, снабдувањето со енергија на Америка да биде навистина сигурно е постојано да се намалува нашата зависност од нафта. Ќе мора да најдеме начини за зајакнување на нашата ефикасност, а притоа се помалку да користиме нафта. Треба да откриеме почисти и обновливи извори на енергија, со помалку јаглерод кој е закана за нашата клима.“
Обама предложи драматично намалување на увозот на нафта, што според експертите, за извесно време ќе ги одврати критичарите кои обвинуваат дека надворешната политика на Белата куќа на Блискиот Исток е водена од нејзиниот интерес за испораките на нафта од регионот.
Народните револуции низ арапскиот свет, од каде што Соединетите Држави најмногу се снабдуваат со нафта ги намали глобалните резерви и доведе до зголемување на цените. Сега просечната цена на галон во Америка е три долари и 85 центи што е за еден долар повеќе од лани.
Во својот говор, Обама ги отфрли критиките на Републиканската партија дека неговата енергетска политика доведе до зголемување на цените на бензинот. Како доказ, тие укажуваат на намалениот број нови дозволи за експлоатација на нафта во Мексиканскиот Залив, откако минатото лето таму дојде до еколошка катастрофа по хаваријата на нафтената платформа на Бритиш Петролеум.
„Секое тврдење дека мојата администрација е одговорна за цените на бензинот затоа што ние сме го исклучиле производството на нафта е едноставно невистинито. Она што е вистина е дека рековме оти секое натамошно вадење нафта мора да е проследено со сигуроносен план за да не ни се случат слични катастрофи како ланската.“
Всушност, централен дел на планот на Обама за намалување на зависноста на земјата од странска нафта, е зголемување на домашното производство. За таа цел, тој вети дека ќе излезе со нови олеснувања за компаниите.
Претседателот Обама исто така, предложи разни, но не и нови мерки, за одвикнување на Американците од нивното потпирање врз нафтата. Неговите предлози вклучуваат производство на повеќе автомобили кои работат на електрична енергија, подобрување на ефикасноста на горивото на бензинските мотори, како и зголемување на производството и употребата на биогоривата. Во последниве години, Конгресот ги зголеми финансиските средства за истражување на овие алтернативни горива, но масовното производство би можело да дојде по неколку години.
Нуклеарната енергија е исто така дел од планот на Обама за зголемување на енергетската безбедност на Америка и покрај земјотресот и цунамито во Јапонија кои предизвика катастрофа во близина на нуклеарната централа Фукушима.
„Ние мора да признаеме дека нуклеарната енергија ако е сигурна може да даде значаен придонес кон прашањето за климатските промени. И јас сум решен да се осигури дека таа енергија е безбедна“, изјави Обама.
Тој наведе дека за таа цел побарал контрола на сите постојни нуклеарни енергетски капацитети во земјата.

Единствениот начин снабдувањето со енергија на Америка да биде навистина сигурно е постојано да се намалува нашата зависност од нафта.

Ние мора да признаеме дека нуклеарната енергија ако е сигурна може да даде значаен придонес кон прашањето за климатските
промени.