Достапни линкови

Кој го затнува оџакот?


Како да се запре инфлацијата? Како да се стави крај на градежниот хаос? Како да се мобилизира македонскиот парламент? Стави ли Русија отровно апче во договорот за прекин на огнот?... Оваа недела беше недела на многу прашања. Нузлетер 28.3.2025

Инфлацијата и натаму го јаде стандардот

Додека инфлацијата во Северна Македонија останува на релативно високо ниво од 5 проценти – двојно повеќе од просекот на Еврозоната, континуираниот раст на цените за граѓаните значи потенцијално откажување од годишен одмор, кратење од буџетот за облека или за одење во ресторан.

Инфлацијата го притиска буџетот на граѓаните, со раст од 5 отсто во февруари, што е значително над просекот на Еврозоната. Мерките на Владата за ограничување на маржите и замрзнување на цените се делумно ефикасни, но економистите и синдикатите апелираат за поригорозни решенија.

Илустрација
Илустрација

Попусто градежни инспекции ако нема инспектори

Половина од општините во земјава немаат градежен инспектор, додека Владата планира законски да ги обврзе Инспекторатите да спроведува проверки на сите градежни објекти, проекти и компании на секои шест месеци и да им ги зголеми ингеренции да можат веднаш да одземаат лиценци. Ова е дел од измените на седум закони кои Владата се подготвува да ги достави до Собранието, одлука која ја донесе по трагедијата во Кочани, каде што во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 луѓе, а речиси 200 беа повредени.

За спроведување на предлог законската измена за редовна контрола на лиценците во градежништвото секои 6 месеци потребно е да се зголеми бројот на градежни инспектори. Деканот на Градежен факултет Горан Марковски вели нема доволно градежни инженери на пазарот на труд. Во 40 општини нема градежен инспектор, а во анализа на НВО Инфоцентарот се жалат дека незаштитени, а често се изложени на закани и ризици.

По трагедијата во Кочани, собраниската говорница остана нема

По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ноќта помеѓу 15 и 16 март, законодавниот дом не заседаваше цела недела, а на координација во понеделникот (24 март), како што соопштија од собраниската прес-служба, било договорено да се откажат сите активности планирани и за оваа, втора по ред, работна недела.

Собранието втора недела нема седници по трагедијата во Кочани. Во ваква ситуација, наместо да биде невидливо, буквално целиот парламент може да се мобилизира, смета Марко Трошановски од Институтот за демократија. Пратениците се тие што треба да бидат двигател во справувањето со ситуацијата, смета и поранешниот собраниски спикер, Тито Петковски. Пратеници од власта, пак, велат дека тоа што нема седници, не значи оти не работат ништо.

Седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, Чешка
Седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, Чешка

Зошто е важно Радио Слободна Европа?

Читателите на Радио Слободна Европа веројатно веќе ги забележале „несигурните времиња“ со кои се соочува медиумот во моментов. На 15 март, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која драстично се намалува големината на Американската агенција за глобални медиуми (USAGM) под чиј надзор е и РСЕ. Потоа бевме известени дека грантот одобрен од Конгресот што нè финансира е прекинат. И покрај сето ова, ние продолжуваме со работа, пишува Рикард Јозвиак, споделувајќи ја својата лична приказна за значењето на РСЕ.

Дали Русија стави „отровно апче“ во договорот за прекин на огнот во Црното Море?

Изјавите на Соединетите Држави и Русија кои поставуваат рамка за ограничување на воената акција во Црното Море беа широко поздравени како чекор кон поширок прекин на огнот во војната во Украина: „И Москва и Вашингтон „ќе продолжат да работат кон траен и траен мир“.

Сепак, изјавата на Кремљ имаше и конкретна формулација што ја немаше во соопштението на Белата куќа.

Илустрација
Илустрација

Москва само ќе се придржува до договорот, соопшти Кремљ, откако Западот ќе ги укине санкциите за руските банки вклучени во трговијата со земјоделски производи, како и за руските бродови.

Дали Русија презентира максималистички преговарачки позиции, слични на она што го правеше пред почетокот на општата инвазија на Украина? Или формулацијата на Кремљ е само поексплицитна?

„Руските барања се целосно непропорционални со она што Русија го нуди. Москва сака да ја тестира (администрацијата на Доналд Трамп) овде. Таа сака да види колку тој навистина е очаен за да постигне дури и делумен прекин на огнот. Но, исто така е важно кого Трамп ќе го обвини ако нема договор. Условите на Русија имаат за цел да го пренасочат гневот на Трамп од Москва кон Европа“, изјави за РСЕ Јанис Клуге, заменик-шеф на одделот за Источна Европа и Евроазија во германскиот институт за меѓународни и безбедносни односи во Берлин.

Со чисти оџаци се чува буџетот, природата и животот

Додека нема оџачарска служба регулирана со закон и чистењето оџаци не е обврска за сите, ќе има такви кои не би дале пари за оваа услуга, а ова е опасно и штетно. За тоа зошто е важно оџаците да се чистат редовно и од стручни лица, во поткастот „Зошто“ разговаравме со единствената дипломирана оџачарка во земјата, Јасмина Атанасова Симјаноска.

XS
SM
MD
LG