Протест во Скопје: Системот е следен
Од плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, вечерва (24 март 2025) па се до зградата на Владата се одржа протестен марш со кој се бара одговорност за трагедијата во Кочани каде во пожар во дискотеката „Пулс“ ноќта меѓу 15 и 16 март загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.

Од „Кој е следен?“ веќе ги објавија барањата преку социјалните мрежи, а меѓу нив е да се објави целата документација за дискотеката „Пулс“ во Кочани од сите надлежни институции.

Граѓаните бараа дисциплинска, кривична и политичка одговорност и за овој, но и за случаите „Онкологија“, пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи со „Дурмо Турс“ и „Беса транс“.

Од Граѓанското движење „Кој е следен?“, кое се формираше по смртта на младата Фросина Кулакова која беше прегазена во сообраќајна несреќа на 29 јануари годинава кај Универзалната сала во Скопје, тврдат дека не се поврзани со ниедна политичка партија.

Протестниот марш од пред Собранието продолжи до болницата „Св. Климент Охридски“