Достапни линкови

Сите се гушиме, направете нешто: Протест во Скопје поради аерозагадувањето

Со протестен марш, кој започна од пред зградата на Министерството за животна средина, попладнево „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи го изразуваат незадоволството од екстремното загадувањето на воздухот.

Маршот продолжи пред Собранието и пред зградата на Владата. Причините за одржување на протестот, како што велат од „Зелен хуман град“, се смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои според организацијата изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво.

Секоја година во Северна Македонија се бележат по речиси 4.000 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од „Зелен хуман град“.


Вчитај повеќе

16x9 Image

Емилија Бунтеска Нацоска

Новинарската кариера ја почнува во 2007-ма година, во А1 телевизија. За време на своето искуство во телевизија, радио и онлајн медиуми, се фокусира на теми од културата, животниот стил, социјални теми и луѓе-приказни. Во тимот на Радио Слободна Европа се вклучи во јуни 2021 година.

Категории

XS
SM
MD
LG