Директорите си ја зголемиле платата за 50 отсто, поштарите на минималец
Македонска Пошта е загубар со милионски долгови, ама директорите во септември минатата година незаконски си покачиле плата, утврдија ревозорите. Вработените, кои повремено протестираат заради малите плати, се жалат дека недостасуваат поштари и шалтерски работници, а на еден вработен има по еден шеф.
Од 2017 година па навака, Македонска пошта работи со загуби, при што најголемата загуба е евидентирана во 2022 година во вредност од 3,7 милиони евра. Според ревизорите загубите се должат на неплатени кредити, заеми и сметки за струја.
„Со минимална плата на 80 отсто од вработените месецот не се издржува, а особено кога доцни платата. На еден вработен имаме еден шеф“, рече во март годинава претседателот на синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.
На 30-годишнината од стартот на изградбата на пругата кон Бугарија скепса кај граѓаните дека ќе биде завршена. Додека на највисоко ниво има натегања меѓу двете земји за условите за градење на граничниот тунел кој ќе ги поврзе, РСЕ на терен каде бавно оди изградбата на пругата од македонска страна.
Во октомври годинава, министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека иако е постигната начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8, проектот ќе мора да се смени, бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна.
„Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас се уште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи, a дали ќе работиме нов, ќе видиме“, рече Николовски во октомври.
Скопје плаче за ослободување од „современите окупатори“
Ако во Втората светска војна во 1944 партизаните го ослободија Скопје, 80 години подоцна градот пак плаче за ослободување. Но, поинакво. Ослободување од загадениот воздух, нефункционалниот јавен превоз, од бетонот и неконтролираното градење, од преполните контејнери и валканите улици … На Скопје му треба „ослободување“ и од политичари.
Ова се дел од пораките кои ги испраќаат граѓани и нивните претставници во локалната власт, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
Градоначалничката Данела Арсовска, која пред неколку дена ја заокружи третата година од нејзиниот мандат, не одговори на нашето прашање на оваа тема. Советникот од ГРОМ, Александар Трајановски, кого таа го постави за заменик-градоначалник, функција која и самиот посочува е само на хартија и не носи никакви привилегии ниту надлежности, вели дека на главниот град му треба ослободување од „политичките партии и нивните преписки“.
Непријатно им е и кај уролог и кај психолог, но статистиката е алармантна
Во ноември, месецот на машкото здравје тешко до термин кај уролог во јавното здравство. Прегледот е непријатен и би го избегнале, велат пациентите, но мора да се прави, апелираат докторите. Загрижува бројот на карциноми, но и на психолошки проблеми кај мажите, покажува официјалната статистика.
Уролог треба да посети секој маж над 45 години, а повеќето доаѓаат на 50 кога ќе почнат симптомите, забележува докторот.
Во државата има околу 100 уролози, вели урологот доктор Оливер Станков, кој е и претседател на Балканското здружение на уролози. Според него, секогаш има гужва, ама во ноември, поради кампањата, има уште повеќе.
Како го гледа светот Марко Рубио, новиот државен секретар на САД
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра сенаторот Марко Рубио да биде шеф на дипломатијата додека администрацијата што доаѓа се подготвува да се постави кон светот во кој беснеат војни во Европа и на Блискиот Исток и во кој расте конкуренцијата од Кина и Азија.
Во изборот на Рубио, сенатор познат по цврстиот став за многу прашања од надворешната политика, новоизбраниот претседател бара некој кој во голема мера ги споделува неговите ставови за најитните меѓународни прашања, смета Бехнам Бен Талеблу, аналитичар од Фондација за одбрана на демократиите, со седиште во Вашингтон.
Во опсежно интервју минатата недела, пред да биде избран за државен секретар, Рубио рече дека повеќедеценискиот период на неприкосновеност доминација на САД по распадот на Советскиот Сојуз е завршен и е заменет со нова ера слична на Студената војна. Тој предупреди дека Соединетите Држави не можат премногу да се оптеретуваат со глобални обврски, велејќи дека Вашингтон мора да биде „прагматичен“ во своите активности во странство.
Земјоделци со лаптоп и дрон, наместо мотика
Органски зеленчук, органски житарки, колку е органската храна тренд или иднина во исхраната? Со професорката на Земјоделскиот факултет во Скопје Гордана Попсимонова во подкастот „Зошто“ разговараме и зошто земјоделието замира, но и што е дигитално земјоделство. Од 50 илјади хектари со градинарски производи пред 10 години, сега има едвај 15 илјади и се помалку професионални земјоделци, вели професорката.
Поткастот гледајте го тука.