Американските гласачи избираат претседател
Гласачите ширум земјата гласаа во вторникот за да го изберат претседателот на САД во тесна трка меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кандидатката на демократите, американската потпретседателка Камала Харис.

9
Гласачите чекаат во ред за да го дадат својот глас во црквата во Брук Хилс на денот на изборите, вторник, 5 ноември

10
Луѓето гласаат на претседателските избори во САД во 2024 година на денот на изборите, во јавното училиште Доерфлер во Милвоки, Висконсин, САД, 5 ноември

11
Градските власти ги пребројуваат гласачките ливчиња откако гласачите го дадоа својот глас на денот на изборите, вторник, 5 ноември 2024 година, во Диксвил Ноч

12
Човек носи капа со налепници, на денот на изборите за претседател во САД во Менхетен, Њујорк Сити, САД, 5 ноември