Здруженија на граѓани, фондации или сојузи кои треба да им помагаат на заедниците, да ја критикуваат власта, да ја корегираат, но и да нудат алтернативни и авангардни решенија на проблемите. Ова е една од дефинициите на граѓанскот сектор, но колку од овие организации навистина го прават тоа?
Гонца Јаковлеска од Македонскиот центар за меѓународна соработка смета дека нивните постигнувања се навистина, значајни.
Ако се вратиме години наназад, огромен број на рампи кои им помагаат на лицата со хендикеп да стигнат до институциите или до објектите кои порано им беа непристапни е резултат на едно големо движење на организациите кои се занимаваат со прават на овие граѓани. Со герила акции покажуваа како изгледа да се биде во нивните чевли, во нивната состојба кога не може да се влезе во пошта, во банка...
Еколошките здруженија таа смета дека беа едни од најактивните од осамостојувањето на земјата, со големи протести, чистење, активизам кој резултирал со институционални решенија.
Со години бевме перципирани како странски агенти, петтоколонаш, како штиуни итн. Но тоа се повеќе од луѓето кои не биле вклучени во ниту едно граѓанско здружение или немале контакт воопшто. Оние кои барем малку се вклучиле немаат таква перцепција и знаат колку може да биде макотрпна работата. Но на крајот охрабрува дека се исплатува она што правиме.
Најмногу проекти на кои работи се за корупцијата што резултира се повеќе да се зборува за тоа и да се прави притисок. Ги прашуваат најпрво граѓаните за личното искуство со корупција.
Со градење на свеста нема се да се реши, но сознанието дека парите на граѓаните се злоупотребуваат и притисокот врз институциите да се справуваат со овој проблем е ден од начините да се решава.
Таа се противи на терминот невладини организации, туку пред се се граѓански.
Јаковлеска наведува и примери на здруженија чии истражувања донеле промени.
„Праведни и професионални„ кои се државни службеници одлучија да истражат дали државата има имот, дали знае дека го има и што прави со него. Со помош на Катастарот направија регистар и резултатите беа фрапантни. Сега и Државниот завод за ревизија се повикува на нивните податоци. Или организацијата која покрена едно прашање кое беше табу – менструалната сиромаштија и сите беа зачудени од тој извештај и ефектот беше намалување на ДДВ за средствата за хигиена.
Затоа Гонце Јаковлеска вели дека кога некој ќе ги обвини дека само сме правеле анализи и истражувања, ова покажува колкав е проблемот, иако тоа е почетниот чекор.
Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб и Ејпл . Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.