Достапни линкови

Тик-Ток објави дека ќе означува слики создадени од вештачка интелигенција


Илустрација
Илустрација

Социјалната мрежа Тик-Ток во четвртокот соопшти дека ќе започне да користи технологија чија цел е да помогне во означување на слики и видеа генерирани од вештачка интелигенција.

Во соопштението, Бајт денс (Bite Dance), кинеската компанија која е сопственик на Тик-Ток, рече дека ќе усвои „содржински акредитиви“, дигитален воден печат кој покажува како се креирани и уредувани сликите. Лидер во развојот на оваа технологија е Адоб (Adobe), но таа е отворена за други компании и веќе е усвоена од компании како Опен АИ (Open AI), креаторот на ;at GPT (ChatGPT).

Истражувачите изразија загриженост дека содржината генерирана од вештачка интелигенција може да се користи како дезинформација во обид да се нарушат изборите во САД оваа есен. Тик-Ток веќе беше меѓу групата од 20 технолошки компании кои потпишаа договор претходно оваа година, ветувајќи дека ќе се борат против него.

За да функционира системот и производителот на генеративната алатка за вештачка интелигенција што се користи за креирање на содржината и платформата што се користи за дистрибуција на содржината мора да се согласат да го користат индустрискиот стандард.

Тик-Ток има 170 милиони корисници во Соединетите држави, кои неодамна усвоија закон со кој се бара Бајт денс да се откаже од Тик-Ток или ќе се соочи со забрана. Тик-Ток и Бајт денс поднесоа тужба, тврдејќи дека законот го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД.

Тик-Ток веќе ја означува содржината генерирана со вештачка интелигенција направена со помош на алатки во апликацијата, но најновата мерка ќе се применува и на содржината генерирана надвор од услугите на мрежата.

XS
SM
MD
LG