Достапни линкови

Деспотовски: Да дадеме шанса на електричните автомобили и филмските студија


Деспотовски: Предноста на опозицијата на анкетите е последица на тешки одлуки, но и грешки на власта
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:47 0:00

Деспотовски: Предноста на опозицијата на анкетите е последица на тешки одлуки, но и грешки на власта

Околу 20 милиони евра е државната помош за странските компании за 2023 година, открива првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Во интервју за РСЕ, говори и за причините за застојот во инвестициите - за електрични автомобили во Тетово и холивудските филмски студија на Џон Малкович во Скопје.

Господине Деспотовски, 2023 година полека изминува, можеме ли да кажеме колку странски компании побарале државна помош во тековната година и колку пари добиле од буџетот?

Редовно ги сервисираме обврските што државата ги има преземено кон странските инвеститори, значи договори кои се потпишани во изминатиот период и секако она што го потпишавме оваа година. Сублимирано до крајот на годината согласно она што го имаме досега исплатено и она што во моментов се процесира од страна на меѓународните ревизори кои ги ангажираме, станува збор за повеќе од 20 различни барања од наши компании клиенти. Вкупниот обем на средства кој го крајот на годината ќе се реализираа од буџетот на име на државна помош би изнесувал околу 20 милиони евра.

Во 2022 година, ДЗР изврши „скренирање“ на работата на ТИРЗ-овите. Би ве прашал дали се уште финансиската помош кон странските компании се доделува без транспарентни критериуми, преку директни преговори и без утврдена методологија? Ова беа наводи кој ги утврди Државниот ревизор. Дали во тековната 2023 година оваа пракса променета и надмината?

ДЗР беше минатата година во Дирекцијата прв пат по 10 години, опфати период на ревизија од 2015 заклучно со крајот на минатата година. Она што сакам како позитивно да го истакнам е дека немаше никакви наоди за финансиски нерегуларности и злоупотреби што е навистина добро и позитивно. Од аспект на препораките што ги добивме беше и препораката дека... Видете, самиот систем на доделување на државна поддршка е регулиран со европска регулатива која е целосно преземена кај нас. И досега сме имале систем каде повеќе институции ги разгледуваат барањата и сепак поддршката се доделува по определена методологија. Ние сметавме дека треба да бидеме чекор понатаму, не само заради забелешките на Државниот ревизор, туку и поради фактот што сакаме да ги видиме ефектите и да ги зајакнеме ефектите од помошта која се дава на компаниите, било да се странски или домашни. Во соработка со „Прасјвотерхаус Куперс“ изработивме методологија за доделување на државна поддршка, која по точни критериуми согласно она што го добиваме како импут од самата компанија на почетокот на процесот на разговори, доаѓаме до одредена структура на поддршка.

Испративте забелешки во однос на ревизијата?

Ние уште во самата фаза додека беше ревизијата доставивме еден вид забелешки, одговори на препораките или преземени чекори. Така што ова што го зборам од аспект на методологијата веќе е содржано и во самиот извештај на крај. ДЗР согласно регулативата по која што работи во текот на годинава двапати побара од нас и ние испративме извештаи од аспект на текот на реализацијата на преземените чекори, имаше препораки и за други работи не само за државната помош.

Дали во меѓувреме финансиска помош има побарано и компанијата „АЕ Солар АД Тетово“ - дел од сопственичката структура на „АЕ Солар АД Тетово“ е на „Пиксел Гроуп“, поранешна компанија на премиерот Димитар Ковачевски, која сега е во сопственост на неговиот кум?

Кај нас не. Вообичаена пракса е да се достави кој било инвеститор кој има намера да вложи средства во рамки на технолошко индустриските развојни зони. Праксата е вообичаено да достави писмо за намери кај нас, така што можам да кажам дека компанијата што ја споменавте воопшто нема ни писмо за намери до ТИРЗ за каква било инвестиција во зоните.

Тетовскиот ТИРЗ стана актуелен во јавноста и за друга компанија – „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, која според она што беше најавено треба да започне со производство на електрични автомобили. Веќе година и четири месеци по фрлањето првата лопата на терен, се уште нема ниту најава за изградба на објектот, а камоли за производство на електрични автомобили. Зошто?

Проектот во самиот старт беше доста комплексен. Прво за самата димензија, второ затоа што станува збор за целосно нова дејност која треба да се почне во рамки на зоните. Не само во рамки на зоните, туку и државата. Во оваа фаза имаме потпишано договор со самата компанија, тоа и го објавивме како што споменавте пред година и четири месеци. Во меѓувреме, се обидуваме да и помогнеме на самата компанија да обезбеди квалитетен импут од аспект на основен проект согласно нашата регулатива, бидејќи проектите со кои дојдоа тука се очигледно прилагодени за пазарите на Западна Европа, односно со Германија, кои не соодветствуваат со она што го имаме тука. И број два, секако да им помогнеме во делот на обезбедување на квалитетна испорака во однос на она што им треба за изградба на самиот објект.

Можам да кажам дека во моментот работат тимовите на самата компанија со неколку поголеми градежни компании во државата за затворање на сегментот на изградба на објектот. Во моментот кога ќе се случи тоа, градежните работи ќе започнат. Сакам да кажам дека сакаме да дадеме шанса на самиот проект.

Беше најавено дека производството треба да започне кон крајот на 2024 година. Дали тоа ќе се пролонгира?

Стои во деловниот план. Се зависи од самиот инвеститор. Имаме ситуации каде одредени производствени капацитети, скоро имавме ситуација со канадската „Магна“ која што за 10 месеци успеа да го заокружи производствениот погон и да почне производство. Така што, се уште немаме најава за какво било пролонгирање, во однос на тој сегмент со роковите. Она што мене ми е фокус во моментов е што поскоро да видиме почеток на градежните работи на терен.

Кога може тоа да се очекува?

Знаете како, секогаш сакам да најавам дека тоа ќе биде побрзо и на тој начин правиме притисок, на некој начин позитивен врз самите компании. Да дејствуваат побрзо. Но, сега ќе се воздржам да почекаме да се комплетираат сите активности, да дадеме шанса проектот сепак да заживее. Притоа, со целосна заштита на интересот на јавните средства.

Би ве прашал уште нешто во контекст на оваа инвестиција – дали на пример е грешка ако кажеме дека, со оглед на тоа дека честопати и се споменува во јавноста, дека инвеститор на оваа компанија која ќе произведува електрични автомобили во Тетово е „Еколог“ и господинот Дестани?

Претставниците на самата компанија беа присутни на настанот кога се презентираше самиот проект. Формално во рамки во самата структура на компанијата не фигурираат. Но, знаете како, она што е за нас важно е тоа што е направено – „due deligence“ тоа го правиме за сите потенцијални и нови инвеститори во зоните. Пред самото потпишување на договорот, самиот извештај не најде никакви проблеми во дел на сопственичката структура на компанијата. Не би одел понатаму во коментирање дали се или не се – сосема сте во право, претставници на самата компанија беа присутни на настанот. Иако, како што кажав, формално не се дел од сопственичката структура на компанијата.

Уште една инвестиција која предизвика интерес во јавноста беше изградбата на филмските студија на Џон Малкович? Компанијата во одреден период кога и вие дававте изјави во однос на нејзината инвестиција - ве демантираше, дека не сака прво да гради станбени комплекси, туку да добие статус на стратешка инвестиција. Каде настана тој спор?

Не настана никаков спор, едноставно самата компанија, односно претставници на компанијата кога разговараа со повеќе претставници на Владата, меѓутоа, кога беа кај мене, се стекна впечаток дека фокусот во тој момент беше повеќе на комерцијален недвижен имот, отколку на филмските студија. Така што, мојата реакција во јавноста кога добив прашање, сосема сум отворен за комуникација на сите овие работи кои ја засегаат или се од интерес на јавноста, мојот став беше јасен, а јасен е и сега. Тоа е дека не ни требаат странски инвеститори за развивање на комерцијален недвижен имот, од аспект на странски стратешки инвеститор, со таков статус.

И по реакциите што ги имаше самата компанија тогаш, очигледно работите од нивна страна се променија. Имаме обновени разговори во последните неколку недели, каде самата компанија и нејзините претставници тука, се повеќе фокусирани на тоа што беше номинално и фокус, а тоа е развивање на филмските студија. Работиме со нив на тој процес, до каде ќе стигнеме, ќе видиме. Нашиот став е доколку навистина се заинтересирани да покажат интерес и донесат финансиски средства и проекти во делот на филмските студија, апсолутно сме заинтересирани да им дадеме шанса како и на сите останати и ќе продолжиме да работиме во тој правец.

  • 16x9 Image

    Петар Клинчарски

    Петар Клинчарски новинарската кариера ја започнува како репортер во медиумот А1он, подоцна продолжувајќи ја во ТВ Телма. Од 2016-та до 2022-ра година беше дел од емисијата „360 степени“. Од јуни 2023-та година работи како новинар во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG