Најмногу лекари недостасуваат во итната медицинска помош. Граѓаните најчесто се жалат дека брзата помош не доаѓа брзо или, пак, наидуваат на затворени врати пред клиниките или, најлошо, може и да не дојде воопшто.
„Луѓето треба да сфатат дека шефот на смена во Брзата помош е како мајка што треба да обезбеди храна за 10 деца, а има храна само за три деца. Кому да ја даде храната. Не можете да ги услужите сите и треба да одлучите кој од итните случаи е најитен„ објаснува д-р Миралм Јукиќ со што се соочуваат секој ден додека добиваат повици за лекарска помош.
Најмногу медицински персонал недостасува таму каде што работата е најтешка – во Ургентните центри и во Брза помош. А таму нема ниту протоколи како да се постапува со пациентите. Јукиќ од лично искуство во поткастот „Зошто“ раскажува како се снаоѓаат, но како тоа може да заврши и фатално.
Јавното здравство е крш, вели Јукиќ затоа што може да имате и врски и пак треба многу време да завршите некоја работа.
Но, затоа врските, непотизмот, политиката се најголемите бариери пред кои се исправени како млади лекари специјалисти. Д-р Јукиќ опишува како тоа изгледа.
Имам колега гинеколог хирург кој вели Јас не можам да работам како хирург затоа што “големите“ не ми даваат. Да преведам што значи „големите“. Имате искусни специјалисти кои цело време ги држат салите и оперираат, а на младиот колега не му се дава шанса да биде хирург.
Од кого тогаш учите?
Знаете кој може да научи. Или треба член од фамилија, татко ви да е хирург па да ве земе под закрила и ве научи. Или да имате врски.
Со д-р Миралем Јукиќ разговараме и за скандалот во Онкологија, за угледот на лекарите, но и за масовното заминување на лекарите во странство. Кликнете на Зошто и слушнете ги одговорите.
Но д-р Јукиќ вели дека не е човек што се откажува и останува да работи во јавното здравство, надевајќи се наскоро и како специјалист.
Сакам да почнам прво да работам како радиолог за да видам дали тие проблеми што се јавуваат можам нешто да направам. Не го фрлам веднаш белиот пешкир на ринг, туку сакам да се обидам дали може нешто да подобриме. Ако апсолутно не може ништо, тогаш ќе се бара друго чаре.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Само кликнете на Зошто, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.