Настаните на денот низ фотографии - 31.10.2023
Синџири, фудбал и ракети

1
ИЗРАЕЛ - Израелската војска изврши воздушен напад врз бегалскиот камп Џебалија во северниот дел на Газа, изјави вечерва портпаролот на израелската армија, Ричард Хехт.
„Во таа област беше присутен и висок воен командант на Хамас“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на израелската војска.
„Во таа област беше присутен и висок воен командант на Хамас“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на израелската војска.

2
РУСИЈА - Врховниот суд во Русија ја одби жалбата на новинарката на Радио Слободна Европа, Алса Курмашева, поднесена во врска со нејзиниот притвор, со објаснување дека таа не се регистрирала како странски агент при влез во земјава, нешто што Курмашева го негира. Сослушувањето на 31 октомври било одржано зад затворени врати, а Курмашева учествуваше преку видео-линк врска од притворскиот центар.

3
СРБИЈА / ЕУ - Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, за време на својата посета во Белград, изјави дека Србија мора да започне со имплементација на актуелните договори од дијалогот со Косово и да „не губи време со тоа“. На прашањето што значи де факто признавање на Косово од страна на Србија, за што еден ден порано таа зборуваше во Приштина, Лајен речи дека се работи за спроведување на Охридскиот договор.

4
САД - Десетици демонстранти неколку пати го прекинаа сослушувањето во американскиот Конгрес во кој двајца советници на американскиот претседател Џо Бајден побараа уште една милијарда долари помош за Израел. Демонстрантите ги осудија американските функционери со коментар дека поддржуваат „геноцид“ над Палестинците во Газа и повикаа на примирје, пренесува „Ројтерс“.