Настаните на денот низ фотографии - 26 октомври 2023
Лотарија, сексизам и ЕУ надежи
![СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија, беше едно од прашањата кои се покренаа на денешната седница за пратенички прашања во Собранието. Обвинувањата за вакви појави од собраниската говорница ги изнесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека министерката за одбрана Славјанка Петровска не споделувајќи детали рече дека сè што имала за кој било случај, го дала и кажала пред надлежната служба во Министерството за одбрана.](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-dc38-08dbd63e6a0c_w1024_q10_s.jpg)
1
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија, беше едно од прашањата кои се покренаа на денешната седница за пратенички прашања во Собранието. Обвинувањата за вакви појави од собраниската говорница ги изнесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека министерката за одбрана Славјанка Петровска не споделувајќи детали рече дека сè што имала за кој било случај, го дала и кажала пред надлежната служба во Министерството за одбрана.
![СРБИЈА / КОСОВО - Премиерот на Косово Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 26 октомври во Брисел имаа одделни состаноци со лидерите на Германија, Франција и Италија во рамки на напорите да се обнови дијалогот меѓу Приштина и Белград по нападот во Бањска на северот на Косово. Владата на Косово соопшти дека Курти повторил дека е подготвен да го потпише Основниот договор за нормализација на односите со Србија, но оти другата страна не сака](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-b74e-08dbcbf4285f_w1024_q10_s.jpg)
2
СРБИЈА / КОСОВО - Премиерот на Косово Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 26 октомври во Брисел имаа одделни состаноци со лидерите на Германија, Франција и Италија во рамки на напорите да се обнови дијалогот меѓу Приштина и Белград по нападот во Бањска на северот на Косово. Владата на Косово соопшти дека Курти повторил дека е подготвен да го потпише Основниот договор за нормализација на односите со Србија, но оти другата страна не сака
![РУСИЈА - На 26 октомври, Рускиот истражен комитет го прецизираше обвинението против новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ) Алса Курмашева, која издржува мерка притвор откако беше уапсена бидејќи не се регистрирала како странски агент. Истражниот комитет соопшти дека Курмашева е обвинета по дело од Кривичниот законик кој се однесува на регистрација на странски агенти кои вршат „наменско собирање информации од областа на воените и воено-техничките активности на Русија“, кои доколку бидат дадени на странски извори „може да се користат против безбедноста на земјата“, објави рускиот сервис на РСЕ.](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-e4b8-08dbd176c9a2_w1024_q10_s.jpg)
3
РУСИЈА - На 26 октомври, Рускиот истражен комитет го прецизираше обвинението против новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ) Алса Курмашева, која издржува мерка притвор откако беше уапсена бидејќи не се регистрирала како странски агент. Истражниот комитет соопшти дека Курмашева е обвинета по дело од Кривичниот законик кој се однесува на регистрација на странски агенти кои вршат „наменско собирање информации од областа на воените и воено-техничките активности на Русија“, кои доколку бидат дадени на странски извори „може да се користат против безбедноста на земјата“, објави рускиот сервис на РСЕ.
![СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Пораки за поддршка на евроинтеграцијата на Западен Балкан во ЕУ испрати на 26 октомври од Скопје еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. „Партнерите од Западен Балкан се дел од нашето европско семејство. ЕУ и понатаму ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан на патот кон пристапување во ЕУ, ќе продолжи да помага во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и против организираниот криминал“, изјави Јохансон.](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-919f-08dbd643a49c_w1024_q10_s.jpg)
4
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Пораки за поддршка на евроинтеграцијата на Западен Балкан во ЕУ испрати на 26 октомври од Скопје еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.
„Партнерите од Западен Балкан се дел од нашето европско семејство. ЕУ и понатаму ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан на патот кон пристапување во ЕУ, ќе продолжи да помага во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и против организираниот криминал“, изјави Јохансон.
„Партнерите од Западен Балкан се дел од нашето европско семејство. ЕУ и понатаму ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан на патот кон пристапување во ЕУ, ќе продолжи да помага во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и против организираниот криминал“, изјави Јохансон.