Достапни линкови

Путин: Повеќе од половина милион лица се приклучиле на руската војска за една годинa


Рускиот претседател Владимир Путин на Источно економскиот форум во Владивосток
Рускиот претседател Владимир Путин на Источно економскиот форум во Владивосток

Во руската војска во последната година се приклучиле повеќе од половина милион лица, дел од нив регрутирани, а дел доброволно, со цел да се борат на фронтот во Украина, тврди претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Имавме делумна мобилизација. Повикавме 300 000 лица. Сега, во последните шест-седум месеци, 270 000 луѓе доброволно потпишаа договори за служење во руската војска“, изјави Путин на Источно економскиот форум во Владивосток.

Ваквиот процес, вели рускиот претседател, продолжува и понатаму и секој ден одат 1 000 – 1 500 лица за да потпишат договор.

Првата мобилизација за нови војници што ја спроведе Русија минатата година предизвика емиграциски бран од државата. Кремљ се воздржа од најавите за нова, но ја продолжи кампањата за регрутирање доброволци. Прашан дали Русија ќе спроведе нова мобилизација, Путин ја отфрли таквата можност.

Русија не откри колку луѓе учествувале во нејзината офанзива во Украина во февруари 2022 година, но западните земји проценија дека тој број изнесувал меѓу 150 000 и 190 000 луѓе.

XS
SM
MD
LG