Алексеј Навални: Животот помеѓу политиката, протестите и затворот
Од 2011 година, Алексеј Навални бил во затвор повеќе од десет пати. И додека му се заканува зголемување на казната на дополнителни 20 години, во галеријата на Радио Слободна Европа погледнете фотографии од незаборавните средби на најистакнатиот руски опозиционер за време на неговиот јавен активизам.

5
Апсењето на Навални на „неодобрениот митинг“ во центарот на Москва, 15 декември 2012 година. Опозицијата тврдеше дека биле приведени за да ги спречат да учествуваат на протестите против Путин.

6
Навални и неговата сопруга Јулија по судското рочиште, додека еден од неговите поддржувачи држи транспарент со порака „За Навални“ во Киров, 16 мај 2013 година.
Навални, тогаш обвинет за проневера, рече дека обвиненијата се како одмазда за неговото разоткривање на владината корупција и за неговата кампања против Путин.
Навални, тогаш обвинет за проневера, рече дека обвиненијата се како одмазда за неговото разоткривање на владината корупција и за неговата кампања против Путин.

7
Двојката Навални патува со воз од Киров до Москва, 20 јули 2013 година. Тие беа ослободени од притвор откако добија условна казна поради обвиненијата за проневера.

8
Навални и неговиот брат и сообвинет, Олег, на судско рочиште во Москва на 30 декември 2014 година, во посебен случај за проневера. Судот одлучил Навални да добие условна казна, но го затворил Олег на 3,5 години.