Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Русија спроведува влијание во Северна Македонија според т.н. концепт на „остра моќ“, покажува најновата студија на граѓанската иницијатива „Мост“, во која се анализирани руската пропаганда, влијание и дезинформациските наративи поврзани со војната во Украина, а присутни во онлајн просторот во Северна Македонија во периодот март 2022 година – февруари 2023 година.
Таквиот концепт на „остра моќ“, се наведува во студијата, особено се спроведува преку промовирањето на словенско-православното братство и користењето на црквата во тој поглед.
„Руското влијание го вовлекува населението во концептот на заеднички вредности со 'словенските и православните браќа од Русија кои немаат ништо заедничко со западниот свет и САД', со што се поттикнува отпор кон Европската Унија (ЕУ) и НАТО“, се наведува во студијата на „Мост“.
Намалените стапки на инфлацијата во Еврозоната главно се должат на падот на цените на енергијата, според европската агенција за статистика Евростат. Но, и покрај тоа, извештаите покажуваат дека граѓаните низ Европа се уште се борат со високите цени, особено на прехранбените продукти и облеката. Во јуни стапката на инфлација во 20-те земји на Еврозоната изнесуваше 5,5 отсто, кога исто така имаше намалување споредено со мај истата година кога беше 6,1 отсто.
Во Северна Македонија, пак, и натаму има двоцифрена инфлација која изнесува околу 10 проценти, според новите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Агенциите за статистика секој месец објавуваат поодатоци за индексите на трошоците на животот и на цените на мало. Највисока инфлација во земјава беше забележана во ноември 2022 година од 19,5 отсто, што ја стави земјава на врвот на Европа.
Но, според економски експерти со кои разговараше Радио Слободна Европа проблем е што ситуацијата на високи цени во земјава ќе трае уште долго, и покрај трендот на намалување, како што покажуваат извештаите на Народната банка.
Министрите на ДУИ поднесоа условени оставки како одговор на едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ, да се формира влада без ДУИ, за да ги поддржи уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата. Ова наметна повеќе прашања во јавноста - дали ДУИ тактизира или, пак, е можен компромис за отворање на Уставот ако се прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Експертите и аналитичарите ,сепак, се поделени околу тоа дали овие оставки се тактички маневри или, пак, со нив се прават вистински отстапки за гласање на уставните измени за да продолжи европскиот пат на земјава.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека ова не се вистински оставки на ДУИ, туку само понуди за оставки. Тој вели дека оставките од Владата на ДУИ, било само еден од предусловите на ВМРО-ДПМНЕ, а дека главното барање е промена на Уставот со одложено дејство, само кога Македонија ќе влезе во ЕУ. Сега, вели Божиновски, земјата се наоѓа во ќорсокак и единствено решение според него се избори, на кои власта и опозицијата би ги понудиле своите идеи пред граѓаните.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, во потегот на ДУИ не гледа тактизирање, туку спротивно, како што вели, оневозможување на „тактизирањето и нерационалните барањата“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“ државата го прослави 2 Август. Но, и овојпат не изостанаа поделбите. Политичарите од власта упатија пораки за потребата за уставните измени и интеграцијата во ЕУ. Oпозицијата ги осуди дека договораат распродавање на македонскиот идентитет.
Премиерот Димитар Ковачевски од скопско Кале порача дека сегашните народни избраници треба со државничка одлука да постапат по аманетот на илинденците и асномците за да обезбедат европска интеграција на државата. Претседателот Стево Пендаровски од Прохор Пчински рече дека треба да се надминат разликите и сплотено да се почнат преговорите со Европската унија. Собранискиот спикер Талат Џафери истакна дека политичките фактори во земјата се пред уште една голема и одлучувачка одлука. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на Мечкин Камен во Крушево, пак, изјави дека додека претставниците на власта ги даваат овие изјави, договараат да го распродадат македонскиот идентитет.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потврди дека приватна фирма не и го продолжила договорот на вработена само поради тоа што e бремена. Дискриминацијата е забранета со повеќе закони и конвенции, но не ја препознал Трудовиот инспекторат. Жената правдата ќе ја бара и на суд. Ова е првт пат во Македонија Комисијата да даде таква потврда.
Сторијата е за кумановчанката Магдалена Стојмановиќ Константинов која сведочеше дека за малку ќе останела без платено боледување од државата. Вели дека имала непрекинат стаж повеќе од две години, но „Просветно дело“, фирмата во која последно била вработена со договор на определено време, ден пред истекот на договорот ја известила дека не и го продолжува.
Доаѓа ли војната на територијата на Русија?
Фактот дека украинските беспилотни летала пристигнаа во срцето на руската престолнина во последните месеци, дури и ако досега не предизвикаа голема штета, е засрамувачки за руските власти, кои на јавноста и порачаа дека Русија има целосна контрола врз нивната „специјална воена операција“ во Украина.
Киев вообичаено не презема одговорност за конкретни инциденти на руска територија и не ја презема одговорноста за последниот напад, иако претседателот Володимир Зеленски рече дека војната „постепено се враќа на руска територија“, во нејзините „симболични центри“.
„Војната постепено се враќа на територијата на Русија - во нејзините симболични центри и воени бази и ова е неизбежен, природен и апсолутно праведен процес“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање до нацијата.