Настаните на денот низ фотографии - 6 јули 2023
Софтвери, бракови и ракети

5
СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ на 6 јули изјави дека ќе побара разговор со шефот на НАТО Јенс Столтенберг, а потоа и итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) поради ситуацијата на Косово.

6
МАКЕДОНИЈА - Електрична енергија треба да се плаќа секаде и плаќа секој, тоа мора да го спроведеме и во Арачиново и во Липково, порача министерот за економија Крешник Бектеши кој потсети дека врз основа на Законот за енергетика и надлежното министерство се вклучени во запирање на кражбите на струја.

7
БЕЛОРУСИЈА / РУСИЈА - Белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој посредуваше во договорот за ставање крај на вооружениот бунт во Русија минатиот месец, рече дека водачот на руските платеници Евгениј Пригожин повеќе не е во Белорусија.

8
УКРАИНА - Во ракетен напад врз станбен блок во Лвив, на западот на Украина, загинаа четири лица, а девет беа ранети.
„Тоа е најголемиот напад врз цивилната инфраструктура во градот од почетокот на руската инвазија“, рече градоначалникот Андриј Садови во четвртокот, 6 јули.
„Тоа е најголемиот напад врз цивилната инфраструктура во градот од почетокот на руската инвазија“, рече градоначалникот Андриј Садови во четвртокот, 6 јули.