Настаните на денот низ фотографии - 5 јули 2023
Од Лога до Борел

5
МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Фатмир Меџити на претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза им ветил дека за најмалку 42 пациенти со оваа болест ќе биде обезбеден лекот „трикафта“ до крајот на годината.

6
МАКЕДОНИЈА - Владата одлучи да ги спои двете концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица во струмичко. Тоа предизвика реакции од активистите за животна средина кои се противат во тој земјоделски крај да се отвораат рудници.

7
ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Европската унија (ЕУ) испраќа оценска мисија во Северна Македонија за работата на Судскиот совет, најави евроамбасадорот Дејвид Гир. Најавата доаѓа по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци.

8
САД - Обединетите нации остануваат посветени да вложат максимални напори за продолжување на Договорот за извоз на жито преку Црното Море, што наскоро ќе истече, изјави генералната секретарка на ОН за трговија и развој, Ребека Гринспан.