Настаните на денот низ фотографии - 4 јули 2023
Од Феникс до Авганистан

5
ИЗРАЕЛ - Седум лица се повредени, од кои три потешко, во напад со автомобил и нож на 4 јули во Тел Авив, Израел. Портпаролот на израелската полиција инцидентот го нарече „терористички чин“. Возачот бил „неутрализиран“ од припадници на итната државна служба на местото на настанот.

6
БИХ - Европската комисија одобри четири проекти за Босна и Херцеговина во вредност од 298 милиони евра. Сите проекти се од ентитетот Федерација Босна и Херцеговина, а ниту еден од Република Српска.

7
БЕЛГИЈА - Земјите-членки на НАТО се согласија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, соопштија од Алијансата.

8
ЈАПОНИЈА - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), тело на Обединетите нации, денеска и даде зелено светло на Јапонија да испушти ниско ниво на радиоактивна отпадна вода од скршената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан. МААЕ тврди дека науката не ја оправдува загриженоста на граѓаните, пишува „Волстрит Журнал“.