Ракети и памфлети

1
СРБИЈА - Министерството за одбрана на Србија на 15 јуни негираше учество на припадници на армијата во апсењето на тројцата косовски полицајци.
Како што се наведува, армијата соработува со другите српски безбедносни сили, како и со КФОР, „со кои одржува професионални контакти на сите нивоа со цел да се следи ситуацијата на теренот и да се зачува сигурна и безбедна средина“.

2
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја на 15 јуни истрела два проектили со краток дострел од нејзиниот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, помалку од еден час откако Пјонгјанг предупреди за „неизбежен“ одговор на воените вежби започнати претходно истиот ден од страна на Јужна Кореја и американските војници.

3
ГЕРМАНИЈА - Разноликоста на ЕУ ќе се збогати со македонскиот јазик и култура пишува во резолуцијата за Северна Македонија на германскиот Бундестаг.

4
ЕУ - Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека не треба да се очекуваат нови договори во однос на пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија и посочи дека македонскиот јазик е веќе содржан во Преговарачката рамка без никакви квалификации.