Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони беше еден од најконтроверзните италијански политичари кој успеа да се врати на политичката сцена во 2017 година и покрај кариерата обележана со секс скандали и бунга-бунга забави, бројни обвинувања за корупција и осуда за даночна измама.
Роден во Милано во 1936 година во семејство од средна класа. Ја почна својата деловна кариера во развој на недвижнини пред да ја основа Медиасет, најголемата комерцијална куќа во Италија. Тој беше сопственик на фудбалскиот клуб АЦ Милан помеѓу 1986 и 2017 година.