Настаните на денот низ фотографии - 30 мај 2023
Македонски бебиња, романски наставници, северно-корејски ракети...

1
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за нападот со дронови врз Москва. Тој ја обвини Украина за терористичка активност и тврди дека Киев го избрал „патот на заплашување на руските граѓани“. Тој рече дека нападот со беспилотни летала врз Москва бил насочен кон „цивилни цели“ и дека воздушната одбрана на главниот град ќе биде зајакната. Тој рече дека таа се претставила задоволително, но дека „има работа да се заврши“.

2
ЛИТВАНИЈА - Литванскиот претседател Гитанас Наузеда бара посилно присуство на НАТО на источното крило на Алијансата додека руската војна против Украина продолжува.
„Ова е линија на фронтот што треба да биде многу силна. Ни треба воздушна и ракетна одбрана и поголемо присуство на сојузничките сили во регионот“, рече Наузеда на 30 мај по состанокот со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во Вилнус.
„Ова е линија на фронтот што треба да биде многу силна. Ни треба воздушна и ракетна одбрана и поголемо присуство на сојузничките сили во регионот“, рече Наузеда на 30 мај по состанокот со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во Вилнус.

3
МАКЕДОНИЈА - Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8.8 % и изнесува 3656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

4
КОСОВО - Како одговор на немирите на северот на Косово и ранувањето на 30 припадници на КФОР, Северноатлантската алијанса одлучи да ги ангажира резервните оперативни сили за Западен Балкан, кои беа во состојба на подготвеност за ангажман. НАТО оваа одлука ја објави на Твитер. Во понеделникот војниците на КФОР се судрија со српските демонстранти во Звечан, кои се противат на влегувањето на новите албански градоначалници во општинските згради.