Настаните на денот низ фотографии - 29 мај 2023
Од Лога до Лавров

1
САД - Министерството за внатрешни работи на Русија објави потерница за американскиот сенатор Линдзи Греам, објавија руските медиуми на 29 мај, повикувајќи се на базата на податоци на Министерството. Во монтираното видео објавено од кабинетот од страна на Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски од неговата средбата со Греам, американскиот сенатор е прикажан како вели „Русите умираат“, а потоа вели дека американската поддршката е „најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле".

2
СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово да не влегуваат во конфликти со НАТО. Тој им порача кога протестираат, тоа да го прават мирно. Вучиќ и се обрати на јавноста вечерва, на 29 мај, по интервенцијата во Звечан што ја презеде мировната мисија на НАТО во Косово КФОР. Во северно Косово дојде до жестоки немири во кои биле повредени повеќе лица. Српското население се противи на влегувањето на албанските градоначалници во општини каде доминантно население е српското.

3
русија - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека ситуацијата на Косово е алармантна и може да предизвика нов конфликт во центарот на Европа. Мировната мисија на НАТО КФОР утрото на 29 мај го зголеми своето присуство во општините на северот на Косово, по порастот на тензиите поради изборот на градоначалници од албанска националност во мнозинските српски општини.

4
МАКЕДОНИЈА - Членовите на Судскиот совет денеска на работен колегиум разговарале за прашањата кои ги покрена холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп во интервјуто за Радио Слободна Европа. Во соопштението на Советот е наведено дека ги отфрлаат тврдењата на амбасадорот дека тоа тело е нелегитимно како неосновани и дека Советот и на колегиумот заклучиле дека функционира законски и во согласност со надлежностите.