Настаните на денот низ фотографии - 22 мај 2023
Пари, пасоши, политика...

5
СРБИЈА - Формиран е предмет да се утврди дали во постапките на мајката на малолетникот К.К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, се содржани елементите на кривичното дело „напуштање и злоупотреба на малолетно лице“, соопшти на 22 мај, првото основно јавно обвинителство во Белград. Предметот е формиран по службена должност.

6
МАКЕДОНИЈА - Полицијата проверувала безбедносни камери во Судскиот совет откако дел од членовите изразиле сомнежи дека некој без дозвола им влегувал по канцелариите. Новиот претседател на судскиот совет Сашко Георгиев денеска во изјава за медиумите посочи дека на колегиум одлучиле да се расчистат сомнежите кои, како што вели тој, се нечии индивидуални видувања.

7
ГРЦИЈА - Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис на 22 мај потврди дека нема да се обиде да направи коалициска влада и покрај тоа што освои најмногу гласови на парламентарните избори во неделата, но му недостасуваат неколку пратеници за да има мнозинство. Тој телефонски разговарал со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и ги информирал за намерата новите избори да бидат на 25 јуни.

8
БУГАРИЈА - Бугарија ќе добие нов владин состав предложен од коалицијата „Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) со поддршка на ГЕРБ . Премиерот на оваа влада ќе се менува на ротациона основа. Во првите 9 месеци премиер ќе биде Николај Денков од ПП, а вицепремиер и министер за надворешни работи Марија Габриел од ГЕРБ. Следните 9 месеци Габриел ќе стане премиер, а Денков вицепремиер.