Достапни линкови

Избори во Турција: Ердоган води пред Киличдароглу


Илустрација
Илустрација

Ердоган води со 59,47 отсто од гласовите во споредба со опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу, кој доби 34,79 отсто од гласовите. Станицата Хабер Турк ги објави овие резултати врз основа на 9,1 отсто од преброените гласови, пренесува Ројтерс

Прелиминарните резултати од претседателските избори во Турција во неделата покажаа дека Реџеп Тајип Ердоган води со 59,47 отсто од гласовите во споредба со опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу, кој доби 34,79 отсто од гласовите. Станицата Хабер Турк ги објави овие резултати врз основа на 9,1 отсто од преброените гласови, пренесува Ројтерс.

Гласачките места низ Турција се затворија во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето на претседателските и парламентарните избори.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер изјави дека „не е забележана негативна ситуација“ за време на изборниот процес во Турција.

За 5 милиони ова беше прво гласање

Турските граѓани гласаа на претседателските и парламентарните избори во неделата, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а за над 4,9 милиони турски граѓани ова беше прво гласање.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.

Избирачките места претходно беа отворени надвор од Турција, во 75 држави и 156 претставништва на оваа земја.

Ердоган: Цврсто се држиме за гласачките кутии

69-годишниот Ердоган, кој беше на функција во последните две децении како премиер и претседател, победувајќи лесно на пет избори, бара трет последователен мандат како шеф на државата.

По затворените гласачки места, тој во порака на Твитер напиша: „Гласачкиот процес е завршен на начин што доликува на нашата демократија, фала богу. Сега, како и секогаш, време е цврсто да се држиме до гласачките кутии. До конечните резултати , продолжуваме да ја чуваме волјата на нашиот народ“.

По првата деценија на економското заживување на Ердоган и одмрзнувањето на односите со Европа, следеше втора деценија исполнета со социјални и политички превирања.

Тој одговори на неуспешниот обид за државен удар во 2016 година со опсежни чистки што го направија турското општество сè понепријатен партнер за Западот.

Турција пред пресвртница или по старо
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:52 0:00

Киличдароглу: Моите херои на демократијата

Појавата на Кемал Киличдароглу и неговиот шестпартиски опозициски сојуз им обезбеди на странските сојузници и турските гласачи јасна алтернатива.

По затворањето на гласачките места, Киличдароглу испрати слична порака како негов главен противник.

„Сакам да ги наречам моите херои на демократијата. Никогаш не ја напуштајте гласачката кутија, без разлика на се, додека не се достави конечниот извештај за неа. Целосната и вистинска волја на народот зависи од вашата определба. Ќе видите, ќе вреди вашиот труд“, рече тој.кандидат на неколку опозициски партии.

XS
SM
MD
LG