Украинските војници кои се борат на линијата на фронтот во Бахмут се ротираат за да се одморат и да закрепнат пред да се вратат назад во битка
Изморени, но не и поразени - Украински војници од фронтот во Бахмут

5
Се чинеше дека украинските сили ќе го напуштат Бахмут на крајот на февруари, но во март тие најавија дека ќе продолжи да се бори со цел да им нанесе поголема штета на силите на Москва

6
Сликата покажува униформа, со главата на рускиот претседател Владимир Путин поставена на украинскиот трозабец, што ја носи војник кој штотуку се вратил од Бахмут

7
Германски овчар по име Бас ја придружува минофрлачката единица „Еделвајс“ по враќањето од тешките борби кај Бахмут. Единицата го спасила кучето за време на мисија во близина на Киев минатото лето и оттогаш тој патува со нив на различни локации долж линијата на фронтот

8
Украинските власти признаваат дека нивните сили платиле висока цена во сила и ресурси во одбраната на „тврдината Бахмут“, град во кој пред војната имало околу 70.000 луѓе. Бруталниот конфликт е наречен најкрвавата пешадиска битка од Втората светска војна