Свечено отворени новите простории на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје
Во Скопје, денеска 25 ноември 2022, со полициско обезбедување, свечено беа отворени новите простории на Културно-информативниот центар на Бугарија. Новото седиште на Центарот, лоцирано на улицата Никола Вапцаров, во строгиот центар на Скопје, е под надлежност на бугарското Министерство за култура. На свеченоста присуствуваше директорката на Центарот, Антонија Велева, министерката за култура на Македонија, Бисера Костадиновска – Стојчевска и нејзиниот бугарски колега Велислав Минеков. Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година.

9
Новинарите ги пречекаа делегациите и гостите на отворањето на Центарот

10
Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје

11
Од отворањето на Центарот

12
Изјава на бугарскиот министер за култура Велислав Минеков.