Достапни линкови
Оди на содржината
Оди на главната навигација
Премини на пребарување
рубрики
Македонија
Свет
Визуелно
Вести
Што треба да знаете
Пријави се за њузлетер
Подкаст Зошто?
Следете не
РСЕ веб страници
Барај
Барај
Претходно
Следно
Breaking News
Фото вести
Бајден, Ердоган, Трамп, Ковачевски...
ноември 16, 2022
Настаните на денот низ фотографии - 16 ноември 2022
1
САД - Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, изјави дека вработените имаат рок до четврток навечер да одлучат дали сакаат да останат дел од компанијата, пренесува АП. Во мејлот испратен до вработените, Маск напиша дека вработените „ќе мора да бидат крајно тврдоглави“ за да создадат „Твитер 2.0“ и дека за успехот ќе бидат потребни долги часови работа со висок интензитет.
2
САД - Американскиот претседател Џо Бајден бара од американскиот Конгрес повеќе од 37 милијарди долари итна помош за Украина. Барањето за финансирање на администрацијата вклучува и 9,25 милијарди американски долари финансирање за борба против ковид 19 пред можниот зимски бран на пандемијата.
3
БУГАРИЈА - Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по консултациите со бугарскиот претседател, Румен Радев, најави дека нејзината партија нема да го поддржи првиот мандат на ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија.
„Доколку ги покани „Промените продолжуваат“ ќе учествуваме во вториот обид за формирање бугарска Влада,“ изјави таа.
4
ЕУ - Шпанија и Шведска ја прекинаа таканаречената тивка процедура за визна либерализација за Косово. Како резултат на прекинот, не беше усвоен текстот според кој безвизниот режим би се укинал со стапување на сила на системот ЕТИАС најдоцна на 1 декември 2023 година. Како што дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од дипломатски извори, Шпанија има забелешки за датумот наведен во текстот, кој се совпаѓа со мандатот на оваа земја на чело на Европската унија (помеѓу 1 јули и 31 декември 2023 година), а на Шведска, според истите извори, потребно и е дополнително време за консултации со парламентот.
Вчитај повеќе
Бајден, Ердоган, Трамп, Ковачевски...
Категории
Македонија
Коридор 8 - По 30 години ветување дека „возови ќе рикаат“, уште се чекаат шини
Новата болница во Штип пропаѓа, се бара решение
Поради кабел, нова и опремена болница во Струмица, четири години зјае празна
Повеќе
Свет
Цивилите во Покровск се борат со бомбите и зимата
Алтернативна енергија за спас од прекините на струја во Украина
Што знаат или не знаат германските тинејџери за Берлинскиот ѕид
Повеќе
ТВ Тема на неделата
Од зима во лето - што ни направија климатските промени?
Гранатиран живот: Една година од руската инвазија во Украина
Пчелите исчезнуваат, ќе нема што да јадеме?
Повеќе
ТВ Тема на денот
Коридор 8 - По 30 години ветување дека „возови ќе рикаат“, уште се чекаат шини
Новата болница во Штип пропаѓа, се бара решение
Поради кабел, нова и опремена болница во Струмица, четири години зјае празна
Повеќе
Во 90 секунди
„Ќе и помогнам на земјата да заздрави“ - изјави Трамп, прогласувајќи победа
Соблекување во знак на протест? Амнести бара итно ослободување на Иранката
Ќе може ли ПИОМ да го издржи зголемувањето на пензиите?
Повеќе
Врати се најгоре
XS
SM
MD
LG