Неколку месеци по руското преземање на Мариупол, се појавуваат фотографии од град кој сè уште е во урнатини.
Животот во урнатините на Мариупол

5
Жител на Мариупол и неговиот млад внук работат во дворот на оштетена зграда на 29 октомври.
Мариупол беше заземен од руските сили во мај, откако неколкумесечните борби оставија околу 90 отсто од зградите во градот оштетени или уништени. Илјадници луѓе загинаа во она што стана познато како опсада на Мариупол.

6
Фотографија од 21 август од обновата на зградата на Камерната филхармонија Мариупол.
Работата за реконструкција започна речиси веднаш по руското преземање на некои згради во центарот на Мариупол, но сликите во оваа галерија што ги објави Ројтерс на 30 октомври се чини дека покажуваат дека огромни делови од градот остануваат непогодни за живеење.

7
Жена поминува покрај руинирана станбена зграда на 29 октомври.

8
Тешко оштетената челичарница Азовстал фотографирана на 29 октомври.
Историската металоградба Азовстал беше последното место за членовите на Азов, контроверзен украински полк кој претходно користеше неонацистички слики на своите униформи.
Рускиот претседател Владимир Путин првично тврдеше дека „денацификацијата“ е оправдување за февруарската инвазија врз Украина, но Кремљ неодамна го означи конфликтот како војна против „сатанизмот“.