Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Тој во својот говор изјави дека сега на чекор синодите на двете цркви да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени. Патријархот на СПЦ Порфириј очекува дека сите помесни цркви ќе го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква - Охридската архиепископија (Фото: МИА)
Заедничка литургија: СПЦ ја одобрува автокефалноста на МПЦ-ОА

1
Македонскиот поглавар г.г Стефан им се заблагодари на членовите на Светиот архиерејскиот собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ. Тој во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ

2
Заедничка литургија во храмот „Св.Климент Охридски“ во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

3
Денешната заедничка литургија во Скопје е продолжение на затоплувањето на односите меѓу двете цркви кое почна со заедничката литургија во четвртокот во храмот Св. Сава во Белград

4
Со литургијата чиноначалствуваа српскиот Патријарх Порфириј и поглаварот на МПЦ-ОД, архиепископот г.г. Стефан