Достапни линкови

Зошто „неуспехот“ на руските шпиони и генерали води до „апокалиптични“ мисли во Кремљ


Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу присуствуваат на церемонијата во Москва во август 2021 година.
Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу присуствуваат на церемонијата во Москва во август 2021 година.

Рускиот истражувачки новинар Андреј Солдатов говори за играта на обвинувања што се одвива во Кремљ и зошто неуспесите на руската војска во Украина ја прават елитата „агресивно воена“. Рид Стендиш

Како што расте руската фрустрација поради застојот на нејзината војна во Украина се чини дека Кремљ можеби почнал да бара непријатели внатре.

Андреј Солдатов, руски истражувачки новинар кој со децении известува за мрачните безбедносни служби во земјата, во април објави дека генерал-полковник Сергеј Беседа, началник на надворешно разузнавачката гранка на Федералната служба за безбедност (ФСБ), бил приведен и подоцна испратен во московскиот затвор Лефортово.

Ова се смета за знак на продлабочување на јазот меѓу руската војска и ФСБ поради наводните разузнавачки неуспеси на руската инвазија врз Украина и за растечката параноја во Москва.

Руски војници патролираат во округот Левобережни во Мариупол, Украина на 13 април 2022 година.
Руски војници патролираат во округот Левобережни во Мариупол, Украина на 13 април 2022 година.


Со продолжувањето на бруталната војна во Украина, руските разузнавачки служби и воените планери сè уште се мачат како да одговорат на посилниот од предвидениот украински отпор и на сѐ поголемата западна поддршка за Киев.

Како што војната влегува во својата 11-та недела, прашањата продолжуваат да се вртат околу тоа како Кремљ го погрешил своето предвоено планирање и дали можеби ќе мобилизира нови војници за Украина.

За подобро разбирање како работите би можеле да напредуваат, РСЕ разговараше со Солдатов, кој исто така е соработник во Центарот за анализа на европската политика (ЦЕПА) во Вашингтон.

Дали службите го доведоа Путин во заблуда за војната во Украина?

РСЕ: Известивте дека генерал полковник Сергеј Беседа бил приведен и испратен во затвор. Какво е вашето чувство за тоа што стои зад овој потег и што ни кажува тој за моменталната состојба на руските разузнавачки служби и руската елита?

Андреј Солдатов: [Таа приказна] станува поинтересна и покомплицирана. Веќе гледаме многу конфузија, но и некои обиди на ФСБ да го минимизира конфликтот меѓу безбедносните служби и војската. Во минатата недела имаше извештаи за Беседа дека бил присутен на погребот на многу истакнатиот поранешен офицер на КГБ, [Николај] Леонов, кој бил еден од советниците на Фидел Кастро во Куба пред неколку години и затоа беше некаква легенда во КГБ.

Ова ни кажува дека ако ФСБ го направил овој голем напор да го претстави Беседа на овој погреб за да се обиде да ги разбие шпекулациите за овој раскол, тогаш тие всушност имаат голем проблем. Овој проблем е дефинитивно таму и во моментов војската ја обвинува ФСБ за многу работи. Не само за одлуката да се оди во војна и како тие го направија тоа, туку и за тоа како се води војната и за сите грешки што се прават.

РСЕ: Разузнавањето во оваа војна - и пред неа - одигра прилично јавна и истакната улога, и во однос на она што се чини дека е неуспех од руската страна и за она што изгледа како некои добро информирани разузнавачи за руската инвазија од Запад. Како ова ги обликува работите и какво е размислувањето во Москва зошто оваа војна тргна наопаку?

Солдатов: За очекување е војската да ги обвини луѓето како Сергеј Шојгу, министерот за одбрана, за сите неуспеси што ги доживеа руската армија, особено во првите два месеца од војната, но не гледам дека Шојгу е критикуван од армијата или од безбедносните служби, што е многу изненадувачки за мене.

Андреј Солдатов
Андреј Солдатов


Тој е сè уште многу популарен и широко почитуван и покрај фактот што нема воена обука, и покрај сите овие големи неуспеси од февруари во Украина. Проблемот овде е што војската станува сѐ поапокалиптична во тоа како ја гледа оваа војна. Почна мислејќи дека тоа ќе биде многу кратка кампања и го обвини ФСБ за дезинформирање на претседателот Путин дека нема да се соочат со поголем отпор, но сега ја прифаќаат оваа нова реалност. И оваа нова реалност за нив, како што тие ја гледаат, е дека Русија сè уште има мирновременска армија додека се соочува со целосно мобилизирана украинска армија која сега Западот ја снабдува со најдоброто оружје на планетата.

Муратов: Руската пропаганда поттикнува употреба на нуклеарно оружје

Сега гледаме врвни руски шпиони како [секретарот на Советот за безбедност Николај] Патрушев, [шефот на СВР, руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј] Наришкин и други кои всушност го поддржуваат овој нов наратив дека не се работи само за борба со Украина, туку дека тоа е голема војна меѓу Русија и НАТО. Тоа е поапокалиптичен и поглобален поглед на конфликтот.

РСЕ: Какво е вашата мислење, зошто се усвојува овој став? Дали е ова за да се оправда притисокот за мобилизација низ Русија, како што некои теоретизираа дека може да дојде, или гледате нешто друго што го поттикнува тоа?

Солдатов: Мислам дека не е само мобилизацијата, туку е и чувството [од војската и разузнавачките служби] дека избрале борба со НАТО, но на погрешно место, бидејќи имаат големи жртви, но не се во позиција да му нанесат каква било штета за возврат на НАТО. Ова е извор на голема фрустрација за војската. Тие се борат во Украина и трпат многу големи загуби и опрема, но не се во позиција да возвратат како што веруваат дека треба.

Московјани на прашањето: кога ќе заврши војната во Украина?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00


Ова е исто така добро објаснување зошто тие страдаат од сите овие проблеми. Тие не можат да се обвинуваат себеси. Психолошки, многу е непријатно да се каже дека направиле нешто погрешно, дека планирањето било лошо или дека логистиката не била доволна. Многу полесно е да се каже дека проблемот е оној во кој што секогаш се сомневаа, а тоа е дека Западот е предавнички и нè напаѓа на прикриен начин. Тие веруваат дека започнале мал конфликт во Украина и сега се несразмерно напаѓани од Запад и затоа се соочуваат со овие проблеми.

РСЕ: Па, до каде гледате дека води ова „апокалиптично“ размислување, како што вие го опишувате?

Солдатов: Најголемиот проблем е околу целите. Како пример, неодамна проверив на некои анкети спроведени од каналите на Телеграм кои се навистина блиски до руската војска и тие беа прилично зачудувачки за мене.

Што мислат московјани, зошто Западот испраќа оружје во Украина?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Тие поставуваа прашања за тоа која би била прифатлива цел за да се прогласи победа во оваа војна и вие имате околу 25 насто кои рекоа дека тоа е целосна капитулација на Украина, а повеќе од 30 насто дека би сакале да ги видат руските трупи на границата со Полска.

Но, најневеројатната бројка е тоа што само 6 насто рекле дека би биле задоволни само со заземање на Донбас. Тоа е многу загрижувачко. Тоа значи дека целите изречени од Путин на почетокот на војната не се нужно истите оние кои војската ги смета за соодветни и прифатливи.

Рускиот претседател Владимир Путин претседава со состанокот со членовите на Советот за безбедност во Москва на 21 февруари 2022 година.
Рускиот претседател Владимир Путин претседава со состанокот со членовите на Советот за безбедност во Москва на 21 февруари 2022 година.


РСЕ: Имате извори во руските разузнавачки служби. Зошто мислите дека сè уште разговараат со вас?

Солдатов: Тоа беше голема грижа за мене, очигледно. По почетокот на војната, мислев дека може да изгубиме некои извори, бидејќи мојата антивоена позиција беше многу јасна и, по околу три недели, точно тоа се случи. Но, потоа изворите се вратија, се чини од различни причини.

Киев: Путин може да одговара за воените злосторства во Украина

Не е дека тие зборуваат затоа што мислат дека војната е погрешна. Не е тоа. Се работи за нивното чувство на фрустрација и потребата да обвинат некого за сите овие проблеми. Ја имате војската што ја обвинува ФСБ, а ФСБ обвинува одредени оддели во рамките на ФСБ за проблемите со кои се соочуваат. Значи, тоа е во основа игра на обвинувања.

РСЕ: Дали е само барање жртвено јагне или, исто така, добивате чувство дека постои вистински порив да се разберат грешките и да се учи од нив?

Солдатов: Проблемот овде е што нема традиција во руската војска или руските безбедносни служби да ги признаваат и да учат од грешките што ги направиле.

Тоа е дел од причината зошто Путин секогаш бил толку популарен меѓу безбедносните служби. Неговиот пристап низ сите овие години беше дека ако нешто се случи, а вие мислите да ги обвините ФСБ или војската, најдобрата опција е всушност наместо тоа да им дадете повеќе поддршка и ресурси затоа што треба да бидат заштитени и одбранети од критики.


И тоа сега е проблем во време кога треба да се приспособат и да ја променат својата стратегија. Тие чекаат промени на врвот, но не знаат како да го кажат тоа.

Тие се сосема среќни со одлуката на Путин да го назначи генерал Александар Дворников [задолжен за кампањата во Украина] бидејќи барем тоа е нешто што е потребно уште од првиот ден. Но, повторно, тие сè уште не разбираат што да прават натаму.

Другиот проблем е што тие не се сосема подготвени. Факт е дека оваа војна се разликува од претходните војни на Путин [во Грузија, Сирија и источна Украина] бидејќи сега имаме канали на Телеграм. Имате многу војници, офицери и ветерани кои зборуваат - не многу отворено - но сепак изразуваат критики. Можеби се работи за многу мали нешта. На пример, неодамна имаше голема фрустрација за радио сетовите за хеликоптери. Тие прашуваа на овие канали на Телеграм зошто ги немаат. Како одговор, Министерството за одбрана соопшти дека тие не им требаат и тоа предизвика одредена горчина меѓу војниците и ветераните затоа што гледаат дека раководството не ги слуша нивните потреби. Така, го имате Телеграм како нов фактор на јавното мислење во војската.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG