Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган. Градоначалникот на источниот град Лвив рече дека руски проектили погодиле неколку електрани, предизвикувајќи прекин на струја. Водоснабдувањето во градот, засолниште за голем број раселени Украинци, беше прекинато, а најмалку две лица беа ранети. Некои цивили успеаја да излезат од опколената челичарница Азовстал во Мариупол додека Русија ја интензивира својата воена офанзива во источна Украина. Еве дел од фотографиите од војната
Офанзивата на Русија во источна Украина низ фотографии

9
Купола на уништен руски тенк заглавена во селото Залисија, североисточно од Киев. Поради начинот на кој руските тенкови ја складираат својата муниција, многумина експлодираат кога ќе бидат погодени од противтенковски проектили.

10
Маж ги превезува своите работи во тешко оштетен автомобил во Мариупол

11
Ана Шевченко во урнатините на нејзиниот дом во Ирпин. Изградена од бабите и дедовците на Шевченко, куќата беше речиси уништена од бомбардирањето кон крајот на март. Во нејзиниот цветник преживеале рози, лилјани, божури и нарциси. „Тоа е нов живот. Затоа се обидов да ги спасам моите цвеќиња“, рече таа.

12
Уништениот хотел Украина во северниот град Чернихив. Според агенцијата за бегалци на ОН, речиси 5,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од руската инвазија на 24 февруари.