Достапни линкови
Оди на содржината
Оди на главната навигација
Премини на пребарување
рубрики
Македонија
Свет
Визуелно
Вести
Што треба да знаете
Пријави се за њузлетер
Подкаст Зошто?
Следете не
РСЕ веб страници
Барај
Барај
Претходно
Следно
Breaking News
Фото вести
Од Ванда Обидкова до Бујар Османи
април 20, 2022
Настаните на денот низ фотографии - 20 април 2022
1
УКРАИНА - Украинка која ја преживеа нацистичката окупација на украинскиот град Мариупол, почина додека се криеше во подрум за време на руската опсада на пристаништето. 91-годишната Ванда Обидкова, активен член на еврејската заедница во Мариупол која го преживеала Холокаустот, починала во подрум премрзната и молејќи се за вода на почетокот на април, откако била заробена во градот со недели за време на интензивното гранатирање од руските сили. На 10-годишна возраст, Ванда ги преживеа Германците криејќи се во подрум во Мариупол. 81 година подоцна, таа почина во подрум во истиот град како жртва на ужасната војна која се криеше од Русите, напиша на својот твитер профил Спомен група за Аушвиц. Обидкова е родена во Мариупол во 1930 година. Нејзината мајка и неколку членови на семејството загинале за време на нацистичката окупација во Втората светска војна.
2
МАКЕДОНИЈА / САД - Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, и со тоа кревање на рампата за отворање на пристапните преговори со Европската унија. Ова се темите кои биле во фокусот на телефонскиот разговор на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи со заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, соопшти МНР.
3
ЦРНА ГОРА - Во Црна Гора од денеска стапува во сила забраната на емитување на руските медиуми Раша тудеј и Спутник, едногласно донесе одлука Советот на Агенцијата за електронски медиуми. Со оваа одлука и официјално Подгорица се усогласува со одлуките на Европската Унија во мерките преземени против Русија поради инвазијата врз Украина.
4
ЕУ / СРБИЈА - Европскиот парламент со Резолуција ќе изрази жалење што Србија не се приклучила кон санкциите на Европската Унија по руската инвазија врз Украина. Во Резолуцијата Европскиот парламент ќе ги повика новоизбраните власти во Србија да покажат вистинска посветеност на вредностите на Европската унија и да се усогласат со одлуките и позициите на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, вклучително и со санкциите против Русија.
Вчитај повеќе
Од Ванда Обидкова до Бујар Османи
Категории
Македонија
Коридор 8 - По 30 години ветување дека „возови ќе рикаат“, уште се чекаат шини
Новата болница во Штип пропаѓа, се бара решение
Поради кабел, нова и опремена болница во Струмица, четири години зјае празна
Повеќе
Свет
Како руските сили убија украински продавач во масакрот во Буча
Цивилите во Покровск се борат со бомбите и зимата
Алтернативна енергија за спас од прекините на струја во Украина
Повеќе
ТВ Тема на неделата
Од зима во лето - што ни направија климатските промени?
Гранатиран живот: Една година од руската инвазија во Украина
Пчелите исчезнуваат, ќе нема што да јадеме?
Повеќе
ТВ Тема на денот
Како руските сили убија украински продавач во масакрот во Буча
Коридор 8 - По 30 години ветување дека „возови ќе рикаат“, уште се чекаат шини
Новата болница во Штип пропаѓа, се бара решение
Повеќе
Во 90 секунди
Радмила Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО
Илјада дена од руската инвазија врз Украина
„Ќе и помогнам на земјата да заздрави“ - изјави Трамп, прогласувајќи победа
Повеќе
Врати се најгоре
XS
SM
MD
LG