Пред српското Собрание во центарот на Белград се одржа протест за поддршка на Новак Ѓоковиќ, носителот на АТП листата. На покана на таткото на тенисерот Срѓан Ѓоковиќ се собраа неколку стотици луѓе.
Новак Ѓоковиќ е приведен од австралиските власти, кои му ја укинале претходно издадената виза поради преземените услови за спречување на коронавирусот.
Учеството на Ѓоковиќ на турнирот Австралија опен е доведено во прашање. Услов за учество на турнирот е учесниците и персоналот да бидат вакцинирани против коронавирусот или да имаат лекарско ослободување. Ѓоковиќ доби изземање од австралиската држава Викторија, што беше оспорено од централните власти задолжени за контрола на државната граница.
Таткото на Ѓоковиќ на прес-конференција во Белград изрази уверување дека причините за задржување на тенисерот се од политичка природа, а во тој тон се и пораките од протестот во Белград.