Од соборувањето на Талибанците во 2001 година, активистите се бореа за образовните, репродуктивните и политичките права на жените во Авганистан. Сега се плашат дека она што го градеа со години ќе исчезне, бидејќи Талибанците ја вратија контролата над земјата пред неколку дена.
Девојчиња и жени од Авганистан

13
Латефа Меран, авганистанска универзитетска професорка по уметност, слика во својот дом. (Кабул, 16 мај 2004 година)

14
Жени со бурки се возат во багажникот на возилото. (Шарикар, 18 февруари 2003 година)

15
Авганистанка со бурка оди по улица, додека зад неа поминува тенк со борци што го развиорија знамето на Авганистан. (Џабал Сарај, 4 ноември 2001 година)

16
Девојчиња со покриено лице се лулаат на лулашките во текот на првиот ден од Курбан Бајрам. (Кабул, 11 август 2019 година)