Достапни линкови

Прв олимписки медал за Македонија по две децении


TAEKWONDO-OLY-2020-2021-TOKYO
TAEKWONDO-OLY-2020-2021-TOKYO

Дејан Георгиевски денеска го освои сребрениот медал во теквондо во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио. Тој во финалето беше поразен со 15:9 од претставникот на Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин. Тоа е втор олимписки медал во самостојна Македонија.

Политичарите му го честитаат олимпиското сребро на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски. Тоа е втор олимписки медал во самостојна Македонија и прво сребро.

Претседателот Стево Пендаровски му го честиташе успехот на Олимпијадата во Токио на Георгиевски, оценувајќи дека првото олимписко сребро е историски успех за земјата.

„Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за Северна Македонија“, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека олимпиското сребро за Георгиевски е историски резултат.

„Дејане, шампионе, донесе радост на Македонија. Вака се сака и брани црвено жолтата, со чест, со одлучност и достоинство“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонскиот олимписки комитет напиша дека Георгиевски е нашиот нов херој.

„Сребро за Македонија. Браво за нашиот Дејан Георгиевски, нашиот нов херој во таеквондо во категорија над 80 кг“, објави комитетот на Фејсбук.

Честитки упати и Јапонската амбасада во Скопје.

„Амбасадорот Савада и Амбасадата на Јапонија упатуваат честитки за сребрениот медал во тaеквондо на Дејан Георгиевски. Дејан го носи првиот олимписки сребрен медал во историјата на Северна Македонија“, објави Јапонската амбасада на Фејсбук.

Георгиевски денеска го освои сребрениот медал во теквондо во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио. Тој во финалето беше поразен со 15:9 од претставникот на Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин.

Георгиевски го освои сребрениот медал по победата во полуфиналето над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја со 12:6. Во четвртфиналето Георгиевски беше подобар од репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане со 9:4.

Во пресрет на натпреварот, премиерот Зоран Заев му го честиташе на 20-годишниот Георгиевски влезот во финале.

Македонија како самостојна држава досега имаше само еден бронзен медал од Олимпијадата во Сиднеј 2000. Бронзата ја освои борачот Могамед Ибрагимов, кој е натурализиран Азербејџанец.

XS
SM
MD
LG