Достапни линкови

ЕУ си игра мајтап? - Вие коментирате


Скопје - Македонска владина делегација на одбележување на денот на ЕУ
Скопје - Македонска владина делегација на одбележување на денот на ЕУ

Ако сакаше ЕУ досега сто пати ќе се проширеше, ни ги зеде децата, сега ќе си игра мајтап, гласи еден од коментарите по интервјуто со словенечкиот амбасадор Милан Предан. Читателите на РСЕ коментираат и за претстојното судење на бизнисменот Орце Камчев и вонредните парламентарни избори во Бугарија.

Не многу пријателски коментари на ФБ страницата на РСЕ по информацијата за реакцијата на правниот тим на бизнисменот Орце Камчев дека судот правел наводна тортура по 4 месеци ефективен притвор и кој според неговите адвокати бил со „видливо влошена здравствена состојба“.


На 16 јули ќе почне судењето на Камчев за обвинението „Плацеви на Водно“ во кое се обвинети и Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и уште двајца за купување и прикривање на вистинскиот сопственик на три парцели на Водно преку фирма од Белизе, како и уште еден плац во центарот на Скопје, два стана во главниот град и две парцели во Крушево.

Потпишан со Шарам Барам постирал: „Овие на кои мед и млеко им течеше дома, нормално дека со леќа и смрдени манџи има да им се влоши здравјето“.

Горан Симевскивели: „Како он на работниците што правеше...“, а Живко Панајотов смета дека тоа било „За да ја продаде Стопанска Битола, тоа е притисокот и играта“.

Дивна Стоилова коментира: „Што си дробел ќе си сркаш, сѐ се враќа, сѐ се плаќа, нека види како им било на тие што плачеа додека тој со јахта се шеташе“.

Предан - За инвестиции е потребна стабилна и правна држава
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:02 0:00

„Ако ЕУ не се прошири на Западен Балкан, ќе дојде некој друг“, вели покрај другото словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан во неделното интервју за РСЕ.

Милан Томов реагира што политичарите „веќе 10 години јадат..., дај, престанете, не сте интересни“, вели, а Аце Ристов луто: „Марш и Европа и сѐ... ако сакаше досега сто пати ќе се проширеше, ни ги зеде децата, сега ќе си игра мајтап“.

Редовниот Џемал Џафероски предлага: „Арапски регион со све Турска подобро него да молиме Бугари и европска политика, боље кај златото и нафтата“.

Има повеќе негативни коментари на реакцијата на премиерот Зоран Заев дека ќе бара објаснување од првиот човек на Собранието, Талат Џафери затоа што во Европскиот парламент на една од сесиите зборувал на албански јазик, а ВМРО-ДПМНЕ побара негова оставка.

Димитар Каев се чуди, а потоа извикува: „Објаснување? Одговорност!!!!“ Зборовите на премиерот Заев дека „Џафери бил испровоциран од некои поединци од соседна Бугарија“, ги коментира посетител токму од соседната земја кој на бугарски пишува дека „за сите неуспеси на Заев му е виновна Бугарија“.

А ИгорВики Магероски коментира: „Бугарите не ни се виновни нам... виновни си се сами што се Бугари“.

Седат Зулбеари постирал: „Немојте деца, лошо е оспорување на јазици... Заклучок... Ослабува човечкото битие... Зајакнува сатаната... непријател на човештвото... Бива крш работата“.

Вонредните парламентарни избори во Бугарија и сѐ уште нецелосните и официјални резултати дека за малку води коалицијата ГЕРБ пред партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов исто така се коментираат на нашата ФБ страница.

Потпишан со Борг Бенкс постирал: „Порано се викаше бугарски воз, сега ќе се вика Али експрес гласањето, хаха...“ И тука има коментари од бугарски посетители кои реагираат на подбивните постови за електронските машини на кои се изведувало гласањето. Милен Георгиев, кој редовно постира на нашата ФБ страница на бугарски напишал дека „северџаните прават црна пропаганда за машините“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG