Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Низ фотографии: Годините на Елцин

13
Елцин шета со американскиот претседател Бил Клинтон во Неапол, Италија, во јули 1994 година.

14
Елцин и Клинтон во Кремљ во јануари 1994 година.

15
Луѓе на дрвја за да го гледаат Елцин како држи говор во руската област Брјанск во јануари 1992 година.

16
Елцин и јапонскиот премиер Хашимото на брод со други официјални лица на реката Јенисеј во ноември 1997 година. Борис Немцов, кој беше убиен во 2015 година во близина на sидовите на Кремљ е делумно видлив десно од Елцин. Кога е направена оваа фотографија, Немцов беше прв заменик-премиер на Русија.