Достапни линкови

Напад во училиште во Татарстан, деветмина убиени


Една жена е однесена во брза помош на местото на пукањето во училиштето бр. 175 во Казан, Татарстан.
Една жена е однесена во брза помош на местото на пукањето во училиштето бр. 175 во Казан, Татарстан.

Според медиумските извештаи осомничениот напаѓач е идентификуван како Илназ Галјавиев. Огненото оружје што го користел напаѓачот било официјално регистрирано на негово име, соопштија властите на руската Република Татарстан.

Вооружен тинејџер активираше експлозија и отвори оган со оружје во училиште во регионалниот главен град на руската република Татарстан. Напаѓачот уби девет лица, додека стотици избегаа од зградата исполнета со чад. Нападот беше причина рускиот претседател Владимир Путин да нареди воведување на нови казни за поседување оружје.

Претседателот на Татарстан Рустам Миниханов изјави дека во нападот биле убиени седум ученици, наставник и жена вработена во училиштето, нарекувајќи го нападот „огромна трагедија за нашата република, за нашата земја“, рече тој.

Според Министерството за внатрешни работи на Републиката, во инцидентот било рането 21 лице, од кои 18 биле ученици, вклучително шест деца кои биле однесени на интензивна нега.

Во видео од местото на настанот се гледа како учениците бегаат од училиштето додека од прозорците се крева чад и одекнуваат силни звуци на истрели. Потоа десетици амбуланти возила застанаа пред на влезот на училиштето.

Луѓето во близина на училиштето број 175 по смртоносното пукање во Казан, Русија на 11 мај 2021 година.
Луѓето во близина на училиштето број 175 по смртоносното пукање во Казан, Русија на 11 мај 2021 година.

Руското Министерство за вонредни состојби испрати авион со лекари и медицинска опрема во Казан, град кој е оддалечен 700 километри источно од Москва, додека министрите за здравство и образование, Михаил Мурашко и Сергеј Кравцов, исто така беа испратени во регионот.

Неколку часа по инцидентот, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите во Москва изјави дека Путин му доставил специјална наредба на шефот на Руската национална гарда, Виктор Золотов „да издејствува нови прописи за видовите оружја наменети за цивилни употреба и кое оружје може да го поседуваат граѓаните, вклучително и видовите на мали оружја какво што употребил вооружениот напаѓач при пукањето.“

„Факт е дека понекогаш ловечкото оружје се регистрира како мало оружје кое во некои земји се употребува како оружје за напад“, рече Песков.

Безбедносни служби пред Училиштето број 175 по смртоносното пукање во Казан, Русија на 11 мај 2021 година.
Безбедносни служби пред Училиштето број 175 по смртоносното пукање во Казан, Русија на 11 мај 2021 година.

Путин исто така и нареди на владата да им помага на жртвите и нивните семејства. Руските власти ветија дека ќе им платат на семејствата на жртвите по 1 милион рубљи, што е околу 13.500 американски долари, како и од 200.000 до 400.000 рубли (2.700-5.400 американски долари) за ранетите.

Наставниците и учениците за Радио Слободна Европа изјавија дека слушнале силна експлозија во зградата пред да слушнат истрели. Тие рекоа дека после тоа побегнале од зградата, додека некои студенти за да избегаат од местото скокале од прозорците на третиот кат.

Областа беше оградена од страна на безбедносните служби, учениците и наставниците.

Министерот за внатрешни работи во регионот изјави дека напаѓачот бил 19-годишен кој бил приведен. Во претходните извештаи беше наведено дека имало најмалку двајца напаѓачи.

Казан - луѓе и полицајци покрај училиштето по пукањето на 11 Мај 2021.
Казан - луѓе и полицајци покрај училиштето по пукањето на 11 Мај 2021.

Извештаите во медиумите го идентификуваа осомничениот како Илназ Галјавиев.

Видно потресениот Миниханов кој пристигна во училиштето непосредно по нападот, за новинарите изјави дека огненото оружје што го користел напаѓачот било официјално регистрирано на негово име.

„Имавме час по руски јазик кога се случи експлозија на првиот кат. Ние го игнориравме. Потоа имаше повеќе и повеќе експлозии. Момчињата истрчаа до прозорците и погледнаа во првиот кат. Сите прозорци, врати и работните маси беа скршени“, изјави ученичка раскажувајќи го своето искуство.

„Ги влечевме сите работни маси до вратата и ја затворивме. Децата на вториот кат почнаа да скокаат директно од прозорците“, изјави наставник за „Карент тајм“ - мрежата на руски јазик предводена од Радио Слободна Европа во соработка со Гласот на Америка.

Луѓе пред училиштето во Казан. 11.05.2021.
Луѓе пред училиштето во Казан. 11.05.2021.

„Слушнавме звуци од експлозии на почетокот на вториот час. Сите наставници ги заклучија децата во училниците. Пукањето беше на третиот кат“, изјави друг учител цитиран од локалниот медиум „Татар Информ.“

Во видеата снимени внатре во училиштето се гледаат расфрлени со остатоци, вклучително кршено стакло и врати. Тоа се гледа во непотврдено видео на медиумот „База.“ Во други фотографии се се гледа тело на подот во училницата со крв.

Други снимки покажаат возила за итни случаи паркирани надвор од училиштето и луѓе кои трчаат кон зградата.

На наводниот вооружен напаѓач на 28 април му била издадена дозвола за ловечка пушка „Хатсан ПС“, напиша на социјалните мрежи Александар Кинштеин - пратеник во долниот дом на Парламентот.

Портпаролката на рускиот Истражен комитет Светлана Петренко изјави дека е покрената кривична истрага за нападот.

Владата на Татарстан 12 мај го прогласи за ден на жалост. Во училиштето учат повеќе од 1.000 ученици.

Историски гледано, нападите врз училиштата во Русија и во другите поранешни советски републики се невообичаени. Сепак, во последниве години бројот на ваквите случаи расте.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG