Достапни линкови

Трагедијата во Индија низ фотографии

Вкупниот официјален број на луѓе со вирус корона во Индија надмина 20 милиони од почетокот на пандемијата, што ја прави втора земја по САД со најголем број на заразени луѓе во светот. Повеќе од 200.000 луѓе починаа, а експертите сметаат дека бројот на заразени и мртви е далеку поголем од официјалните податоци.

Индија преживува хуманитарна криза кон крајот на мај и почетокот на април поради недостаток на кислород, голем број на заразени лица и смртни случаи на дневна основа, што делумно е последица на предизборните активности.

Ситуацијата е особено тешка во крематориумите и гробиштата поради големиот број смртни случаи.

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG