Луѓето низ Украина, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, ја одбележаа 35-годишнината од катастрофата во Чернобил во 1986 година, најголемата цивилна нуклеарна несреќа во светот.
Како Украина ја одбележа 35-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил?

5
Православен свештеник ја води комеморацијата во напуштениот град Пријпијат по повод 35-годишнината од несреќата во Чернобил. Сместен во близина на централата, градот е евакуиран по катастрофата и останува град-дух.

6
Свеќи од бдеењето преку ноќ ја осветлуваат зграда во напуштениот град Припијат, во Чернобил.

7
Вработените во нуклеарната централа во Чернобил држат свеќи за време на меморијалот посветен на пожарникарите и работниците кои загинаа по катастрофата во Славутич.

8
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети забранетата зона за да присуствува на церемонијата по повод 35-годишнината од несреќата во Чернобил. „Нашата задача е да сториме се што е можно за да ја зајакнеме безбедноста за никогаш да не повториме слична катастрофа во иднина“, рече Зеленски во телевизиското обраќање на 26 април.