Фотографиите во оваа галерија се направени во периодот од 27 март до 16 април од компанијата Maxar Technologies, компанија за сателитско снимање, која обезбедува „90 проценти од основната геопросторна интелигенција што ја користи американската влада“. Шефот на Maxar Technologies Дан Јаблонски, изјави за Волстрит журнал дека неговата компанија ги објавува фотографиите јавно заради „посветеност на транспарентноста“.
Сателитски снимки покажуваат трупање руска воена опрема во близина на Украина

13
Руско воено присуство во близина на границата со Украина.

14
Сателитска слика го прикажува рускиот воен авион Сухој Су-34 во авионската база Морозовск, 27 март 2021 година

15
Сателитска слика покажува тенкови и опрема во областа за обука Погорово во близина на Воронеж, Русија на 10 април 2021 година

16
Поглед на воздушната база Кировское со руска воена опрема, на Крим, 14 април 2021 година.