Достапни линкови

Балканот на вакцинација во Србија


Бизнисмени и граѓани од регионот викендов се вакцинираат во Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00

Бизнисмени и граѓани од регионот викендов се вакцинираат во Србија

Државјани од Македонија, БиХ, Црна Гора и Албанија денеска се вакцинираат во Белград и во Ниш. Некои од нив се дојдени организирано и со претходна пријава на порталот „Е-управа“, но во Србија можат да се вакцинираат странски државјани без оглед дали имаат престој во земјата.

За време на викендов државјани од земјите од Западен Балкан се вакцинираат во српските градови Белград и Ниш. Вакцините Астра Зенека ги добиваат бизнисмени и нивните вработени кои претходно се пријавени за вакцинација, но има и такви кои одат без претходна пријава, односно само со пасош.

На граничниот премин Табановце денеска беше гужва. Македонското Министерство за внатрешни работи информираше дека само до 10 часот границата ја поминале над 2.000 граѓани.

Кон Србија се упатени и државјани од други соседни земји, како Босна и Херцеговина и Црна Гора, но вакцини против Ковид-19 во земјата деновиве примаат и државјани на Геманија, Италија со претходна пријава на порталот „Е-управа.“

На интернет страницата на Здравствениот дом во Ниш е наведено дека за време на викендов 27 и 28 март, од 8 до 20 часот се организира вакцинација на странски бизнисмени и други странски државјани со вакцината „Астра Зенека“ и дека заинтересираните треба да понесат само пасош.

Денеска 7.500 бизнисмени од регионот се пријавија за вакцинација, изјави претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Кадез на местото за вакцинација во деловниот центар „Белекспо“ во населбата Нов Белград.

Бизнисмените од Албанија и Босна и Херцеговина се вакцинираат во Центарот „Белекспо“, додека бизнисмени од Црна Гора се испратени на пункт за вакцинација на саемот во Белград. Бизнисмени од Северна Македонија се вакцинираат во Ниш.

Вкупно 10.000 вакцини за бизнисмените и нивните вработени беа обезбедени преку Инвестицискиот форум на трговската комора на Западен Балкан во соработка со Српската влада.

Бизнисмените добиваат вакцина од шведско-британскиот производител АстраЗенека, изработена во соработка со Универзитетот во Оксфорд. Вакцината, која се користи во Србија, е лиценцирана од Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација.

Косово го отфрли повикот за вакцинација. Претседателот на Косовската стопанска комора, Берат Рукиќи, претходно изјави дека стопанската комора одбила да учествува во вакцинирањето на косовските бизнисмени во Србија.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадез потврди дека Стопанската комора на Косово ја одбила поканата за имунизација во Србија, но додаде дека „одредени бизнисмени“ од Косово аплицирале „да дојдат директно на вакцинација“.

Повеќе од 4.000 бизнисмени од Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги сопствениците и вработените во компаниите, одговорија на поканата на Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина за бесплатна вакцинација во Белград.

Центарот „Белекспо“ во Белград на 27 и 28 март овозможи вакцинирање на бизнисмени од шест земји од Западен Балкан кои одговорија на поканата на Инвестицискиот форум на трговската комора на Западен Балкан.

Досега во Србија околу 1,5 милиони луѓе се пријавени за вакцинирање против Ковид-19, од кои вакцинирани се околу 1,3 милиони луѓе. Во земјата се достапни вакцини од четири производители: „Фајзер и Бионтек“, „Спутник В“, „Астра Зенека“ и „Синофарм.“

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG