Немири избувнаа во два холандски града на демонстрациите против мерките за справување со коронавирусот. Пожари беа подметнати во центарот на јужниот холандски град Ајндховен, каде што стотици бунтовници ја гаѓаа полицијата со камења. Полицајците реагирале со солзавец и водени топови и извршиле десетици апсења.
Демонстрации против ограничувањата се одржаа и во Амстердам, каде што полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата. Полицијата соопшти дека уапсила повеќе од 100 лица.
До немирите дојде еден ден откако центарот за тестирање за ковид-19 беше запален во селото Урк во првата ноќ на новата забрана за движење од 21 часот до 04:30 часот наутро.
СЗО: Британскиот вид коронавирус е присутен во 60 земји
Министерот за правда Ферд Граперхаус го осуди насилството, наведувајќи: „Ова е едноставно криминално однесување“. Во земјата е воведена строга блокада што треба да продолжи најмалку до 9 февруари.
Немирите се случија во време кога Франција соопшти дека патниците кои пристигнуваат од соседните држави мора да покажат неодамнешен негативен тест за коронавирус. Оваа мерка важи за другите земји кои не се членки на ЕУ од средината на јануари.
Шведска соопшти дека ќе забрани влез од соседна Норвешка за три недели, почнувајќи од 25 јануари, откако во Осло се појави кластер на новиот вид коронавирус.
Американскиот претседател Џо Бајден повторно воведе ограничување за влез во САД за повеќето не-Американци кои доаѓаат од Британија, Бразил, Ирска и голем дел од Европа.
Одлуката на Бајден е дел од планот на новата администрација за борба против коронавирусот, а САД се најпогодената земја во светот според бројот на заразени, над 25 милиони и бројот на смртни случаи - повеќе од 419.000 луѓе.
Веќе во првите денови од преземањето на функцијата во средата, Бајден ги заостри прописите за носење маски и нареди карантин за луѓето кои доаѓаат во САД со авион.
Доналд Трамп во последните денови на власт објави дека ќе бидат укинати забраните за влез во САД за патници од поголемиот дел од Европа и Бразил, но администрацијата на Бајден објави дека веднаш ќе ја откаже наредбата, која требаше да стапи на сила на 26 јануари.
На 31 јануари лани, Трамп ја објави првата забрана за влез на патници во земјата од Кина, со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Забраната беше проширена на европските земји на 14 март.
Велика Британија ги затвора сите патнички коридори од понеделник
Вивек Мурти, кој е номиниран од новата администрација за главен лекар изјави дека целта на претседателот Бајден за 100 милиони вакцинации во првите 100 дена од неговата администрација е „најмалку, а не најмногу“ што може да се направи. Тој предупреди на нови видови коронавирус, оценувајќи ги како „многу загрижувачки“.
Загриженоста за варијантата, идентификувана во југоисточна Англија, се зголеми откако главниот научен советник на британската влада во минатата недела рече дека вирусот може да биде поубиствен за некои возрасни групи. Други варијанти се откриени во Јужна Африка и Бразил.
Иако вакцините што се администрираат моментално обезбедуваат заштита од британскиот вид, постои зголемена загриженост за ефикасноста на вакцините против другите две варијанти.
Во меѓувреме, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека има позитивен тест за КОВИД-19. „Симптомите се благи, но јас веќе сум под медицински третман“, напиша 67-годишниот претседател на Твитер. Лопез Обрадор беше критикуван дека не дава пример за превенција во јавноста. Ретко се гледа како носи маска и држи напорен распоред на патувања.
Новиот вид на коронавирус регистриран во Србија
Израел најави на 24 јануари дека ќе запре повеќето воздушни патувања во и надвор од земјата најмалку една недела почнувајќи од 25 јануари. Земјата е во нејзината трета национална блокада, иницирана кон крајот на декември и продолжена до крајот на месецот поради напливот на смртни случаи од ковид-19.
Во Израел досега се вакцинирани повеќе од 2,5 милиони, земјата има 9 милиони жители, но неодамна е забележан бран на смртност од ковид-19.
Во соседен Египет, лекар и медицинска сестра вчера први примиле вакцина од кинеската Синофарм. Министерот за здравство Хала Зајед рече дека сите здравствени работници ќе ја добијат бесплатно.
Тој додаде дека Каиро потпишал зделки за примање пратки со вакцини од британски, кинески и руски фирми, за околу 100 милиони дози, што е доволно за околу половина од населението во Египет.