Претседателот Доналд Трамп и демократскиот ривал Џо Бајден ги поделија првите држави што беа проектирани на претседателските избори во САД. Гласањето во некои држави на источниот брег заврши, но во другите делови од земјата се уште има долги редици гласачи.
Според прелиминарните резултати на АП и Ројтерс, Трамп освоил 60 електорски гласови, а Бајден 71, со што е во блага предност. Според Ројтерс, трката е тесна во Флорида, која носи 29 електорски гласови и која значително може да влијае на конечниот резултат.
Пандемијата и економијата се топ темите за американските гласачи
Гласачите на американските избори ги рангираа пандемијата со ковид-19 и економијата како најголеми проблеми во трката меѓу претседателот Доналд Трамп и демократскиот ривал Џо Бајден, покажува националното истражување на електоратот направено од АП. Далеку зад овие теми се прашањата за расизам, имиграција, климатски промени...
Први победи: Бајден во Вермонт и Вирџинија, Трамп во Кентаки и Западна Вирџинија
Во американските сојузни држави - Џорџија, Вермонт, Северна Каролина, Флорида, Кентаки, Вирџинија и Западна Вирџинија - заврши гласањето и гласачките места се затворени, а според проекциите на новнската агенција Асошиејтед прес, демократскиот кандидат Џо Бајден победил во Вермонт и Вирџинија, а републиканецот и актуелен претседател, Доналд Трамп, во Кентаки и во Западна Вирџинија. Проекцијата на новинската агенција Ројтерс, пак, вели дека Трамп ќе победи и во сојузната држава Индијана.
Трамп на Твитер: Навистина добро стоиме во целата држава
Набргу по затворањето на првите избирачки места во сојузните држави Индијана и Кентаки, кои традиционално се „републикански“, американскиот претседател Донал Трамп на Твитер напиша: „Добри сме во целата држава“.
„Ви благодарам“, додаде Трамп.