Американските граѓани избираа помеѓу сегашниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.
- Републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден се во тесна трка.
- Бајден во говорот на 4 ноември рече дека чувствува оти е „на добар пат“ за да победи на изборите и повика на трпеливост од гласачите.
- Претседателот Доналд Трамп пак, ги обвини демократите дека се обидуваат да ги „украдат“ изборите и дека сепак очекува „голема победа“.
- Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. електори.