Во светот кучиња трагачи се обучуваат за откривање на лица заразени со коронавирус. Оваа иновативна мерка осмислена во Франција веќе се развива во Русија, Финска, Германија, Велика Британија и многу други земји. Официјални лица велат дека кучињата се во можност да детектираат коронавирус од значително помала количина на вируси отколку што обично се користи за ПЦР тестовите. Во пракса, кучето е во состојба да открие коронавирус кај лице порано од лабораториските тестови.
Кучиња откриваат коронавирус побрзо од ПЦР тестовите

9
Кучето Коси чека наредба да започне со работа на аеродромот во Хелсинки, Финска.

10
Куче трагач на коронавирус за време на тренинг во Школата за службени кучиња на Бундесверот во Улмен кај Кобленц, Германија,

11
Куче за откривање експлозив позира во Училиште за службени кучиња на Бундесверот во Улмен кај Кобленц, Германија, 24 јули 2020 година. Германската војска во Улмен, обучува кучињатрагачи по за коронавирус.

12
Џо куче-трагач и неговиот тренер во Школата за службени кучиња на Бундесверот во Улмен во близина на Кобленц.