Ова е епилогот од редовните парламентарни избори одржани во Црна Гора во неделата, со висок од одѕив од над 75%, и покрај преземените заштитни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Околу полноќ, четири часа по затворањето на избирачките места, Ѓукановиќ им рече на своите приврзаници во седиштето на ДПС во Подгорица дека партијата ќе ги признае сите изборни резултати, но ќе ги чека конечните наоди на Државната изборна комисија.
Имено, разликата помеѓу двете првопласирани сили е толку тенка што еден глас во идното собраниско свикување може да го донесе потребното мнозинство за формирање влада.
„Репортери без граници“: Ѓукановиќ да не го потпишува законот за медиуми
„Ќе почекаме да видиме кој ќе го има тој 41-ви глас“, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека неговата партија ќе остане непоколеблив борец за европската иднина на Црна Гора.
Наспроти ДПС се три опозициски коалиции: „За иднината на Црна Гора“ предводена од Демократскиот фронт (ДФ), „Мирот е нашата нација“ предводена од демократите Алекса Бечиќ и „Црно на бело“ на Дритан Абазовиќ.
Демократскиот фронт се залага за силни врски со Србија, од која Црна Гора се отцепи во 2006 година и негува силна посветеност кон Русија.
Здравко Кривокапиќ, лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора прогласи победа изјавувајќи:
„Режимот падна. Народе на Црна Гора, слободата се случи!“.
Фронтот исто така е близок до Српската православна црква (СПЦ) и ѝ се приклучи на протестните маршеви организирани од оваа најголема верска вероисповед во Црна Гора од декември 2019 година и донесувањето на контроверзниот Закон за слобода на вероисповед.
Чанак: Опозицијата и СПЦ подготвуваат инциденти на црногорските избори
Српската православна црква тврди дека законот има за цел да и го конфискува имотот, додека Владата на Црна Гора одговара дека со овој акт се воведува ред во областа на верските заедници.
Преговорите меѓу владата и Српската православна црква не успеаја во јули, а протестите против законот прераснаа во масовни собири на противниците на Ѓукановиќ и ДПС.
Демократите се малку помека опција, но сепак се на страната на Српската православна црква.
„Црно на бело“, од друга страна, е граѓанска коалиција која повика на формирање експертска влада за време на кампањата, а на црногорските власти им забележува за високата корупција во општеството, што беше откриено во извештајот за напредокот на Европската комисија за 2019 година.
Преговорите меѓу црногорската влада и СПЦ без резултат
„Верувам во граѓаните и нивниот рационален избор, во нивната мнозинска волја за отстранување на 30-годишната нефункционална влада, потоната во криминал, корупција и непотизам“, рече Дритан Абазовиќ, лидериот на оваа коалиција, по гласањето во Улцињ.
Заедно, овие три политички опции би можеле да освојат, според првичните резултати, 41 место во црногорскиот парламент од вкупно 81 места.
Прелиминарните неофицијални резултати покажуваат дека во парламентот ќе влезат Бошњачката и Албанската партија за национално малцинство, социјалдемократот Иван Брајовиќ и Социјалдемократската партија (СДП).
Ваквите прелиминарни резултати беа презентирани од организацијата за набљудување на Центарот за мониторинг (ЦЕМИ) доцна во неделата, врз основа на 88,4% од примероци од материјалот за гласање.