Слики од десетици средби што водечката опозициска фигура на Русија ги имала со полицијата, судовите и непознатите напаѓачи во текот на неговиот јавен активизам. Навални е затворен повеќе од 10 пати и помина стотици денови во притвор од 2011 година.
Блиски средби од „Навални“ тип

1
Алексеј Навални на суд во декември 2011 година по неговото апсење за време на недозволениот антивладин марш во Москва. Навални беше осуден на 15-дневен притвор за „отпор на полициските службеници“. Тоа беше првиот од она што подоцна ќе стане редовна работа за опозиционерот.

2
Знак со кој се изразува поддршка за Навални на задниот дел од камионот пред центарот за притвор, каде се наоѓаше Навални по неговото апсење во декември 2011 година. Во февруари 2011 година, Навални во радио интервју ја опиша политичката партија на претседателот Владимир Путин, Единствена Русија, како „партија на арамии и крадци“. Фразата беше широко прифатена од опозициските групи.

3
Навални придружуван на судска сесија во Москва во мај 2012 година. Тој беше приведен за време на митингот на опозицијата еден ден по инаугурацијата на Путин на 7 мај. Навални беше осуден на уште 15 дена затвор за „учество во нелегален јавен настан“.

4
Снимка од станот во Москва на Навални, откако беше приведен од полицијата на 11 јуни 2012 година. Руската полиција изврши рација во неколку домови на опозициските лидери, во услови на антивладини протести во 2012 година.